1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Полесно до пасош и двојно државјанство

БГ /дпа
23 август 2023

Германската влада во среда треба да ги усвои измените во законот со кои се олеснува процедурата за стекнување германско државјанство, но и за поседување двојно државјанство.

https://p.dw.com/p/4VRjP
Германски Пасош
Во иднина ќе биде полесно добивањето германски пасошФотографија: Winfried Rothermel/picture alliance

Доселениците во Германија во иднина побрзо и полесно ќе добиваат германски пасош, одлучи германската влада. Предлог-измените кои ги поднесе министерката за внатрешни работи Ненси Фезер предвидуваат намалување од 8 на 5 години на потребните години постојано живеење во земјата пред аплицирањето за државјанство. Државјаните на земји надвор од ЕУ, во иднина повеќе нема да мора да се откажуваат од своето матично државјанство, за да добијат германско. Двојното државјанство ќе биде дозволено. 

Германската влада в среда треба да ги одобри новите правила, а измените потоа треба да бидат одобрени од германскиот парламент- Бундестагот. 
Опозициските партии се против предлогот за олеснување на условите. Конзервативната ЦДУ оцени дека законот ќе ги заостри „интеграциските проблеми“ во Германија и ќе испрати „погрешни сигнали“. 

Кои се условите? 

Мигрантите полесно ќе стигнуваат до германски пасош, но ќе бидат условени со економска и демократска интеграција. Па така, лица кои сториле прекршоци од антисемитски или расистички мотиви, нема да бидат во можност да добијат државјанство. 

Според податоците на германското министерство за внатрешни работи, околу 14 проценти од жителите на Германија немаат германски пасош, што е бројка од над 12 милиони луѓе. Од нив, над 5,3 милиони живеат повеќе од 10 години во Германија. Минатата, 2022 година, за германски пасош аплицирале околу 168.500 луѓе. 

Во моментов, право на германско државјанство имаат лица кои непрекинато живееле во Германија осум години и исполнуваат низа други услови. Условите, меѓудругото, вклучуваат познавање на јазикот, финансиска самостојност и успешно положен тест за интеграција. Секој што може да покаже таканаречени посебни достигнувања за интеграција, како што е особено добро ниво на познавање на јазикот или добри академски или професионални перформанси, може да биде натурализиран по шест години. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема