Сонцето тукушто изгреваше кога илјадници ракети беа лансирани кон Израел од Газа.
Додека милиони Израелци брзаа да најдат засолниште, 1.500 милитанти на Хамас ја пробија оградата меѓу Израел и Газа на повеќе од 60 локации преку копно, море и воздух.
Набрзо тие стигнаа до израелските воени бази и блиските погранични заедници. Попат, стрелаа во се што можеа. Истовремено, ракетниот бараж продолжи, а бројни палестинските милитанти и цивили продолжија да минуваат низ уништената ограда. Борбите се проширија на преку 30 различни локации на југот на Израел.
Една од локациите беше музичкиот фестивал Нова. Стотици рејвери се обидоа да се спасат бегајќи. Случаи на сексуално насилство, силување и други злосторства беа пријавени во неделите и месеците што следеа.
Димензиите на масакрот излегуваа на виделина преку видеа постирани од Хамас. Сликата беше тажна: неочекуван терористички напад од Хамас ги фати Израелците неподготвени. Цели семејства и заедници паднаа во рацете на терористите на Хамас.
„Ова е војна“
„Ние сме во војна, не во операција, туку во војна“, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Во првите часови, израелските безбедносни сили беа изненадени, а цивилите беа оставени да се борат сами. Милитантите на Хамас палеа куќи, убија стотици луѓе, и одведоа над 250 луѓе како заложници во Газа.
Дури по 48 часа Израел ја презеде контролата врз териториите и врз границата.
Над 1,600 Израелци беа убиени тој ден и во годината оттогаш. Околу 100 заложници се уште се во Газа.
Воздушните напади на Израел врз Газа почнаа тоа утро, а наскоро започна и копнена офанзива.
Над 41,000 Палестинци беа убиени во Газа во војната која следуваше по 7 октомври- денот кој го промени Блискиот исток.