1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто ДПА раскрсти со Европскиот фронт?

ДТЗ
4 октомври 2024

Изет Меџити од коалицијата „Вреди“, коментирајќи го излегувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт, рече дека партиите во овој фронт не се споиле иделошки, туку за да опстанат на политичката сцена.

https://p.dw.com/p/4lPRX
Мендух Тачи
Раскрсти ли Мендух Тачи со Европскиот фронт?Фотографија: MIA

Неколку дена откако најавија опозициска кампања  и протести по повод 100 дена скандали на владејачката колаиција, се најавуваат турбуленции во Европскиот фронт, предводен од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Последните информации се дека Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи го напушта фронтот, не не ја затвора вратата за понатамошна комуникација со првиот човек на ДУИ. Информацијата ја објави порталот Тетова сот, повикувајќи се на партиски извори, a потврда добила и ТВ Телма.

„Претседателот на ДПА ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, истакнуваат извори на Телма, кои најавуваат дека Тачи многу скоро ќе објави зошто го напушта Европскиот фронт.

Ваквата вест ги подгреа комбинаториките дека Тачи всушност би можел да влезе во преговори со „Вреди“, коишто се дел од владината коалиција. 

Коалиција „Вреди“
Се очекува Тачи да објасни зошто го напушта Европскиот фронт - ваквата вест ги подгреа комбинаториките дека Тачи всушност би можел да влезе во преговори со „Вреди“, коишто се дел од владината коалицијаФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Не се споија идеолошки, туку за да опстанат“ 

Но, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека нема таква информација дека се преговара со Тачи за негово преминување во „Вреди“ (Влен). 

„Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена“, изјави Меџити при посетата на Арачиново.

Во изјава за медиумите дадена во Арачиново, Меџити на прашањето дали планираат да преговарат со пратници од ДУИ за да преминат на страната на Влен, најави дека во наредниот период ќе има повеќе информации за тоа.

Ваквиот пресврт следи откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека Мендух Тачи е усогласен со коалицијата Европски фронт. Мендух Тачи на изборите во мај освои пратеничко место, со поддршка на гласачите во Изборната единица 6.

Без него, Европскиот фронт ќе остане со 17 пратеници.

Од пратеничката група на Европскиот фронт, на прес-конференција во Собранието, порачаа дека го имаат истиот број на пратеници, а за другите прашања ги упатија новинарите да се обратат до Тачи и Ахмети. 

Али Ахмети
Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи го напушта фронтот, не не ја затвора вратата за понатамошна комуникација со првиот човек на ДУИФотографија: Petr Stojanovski/DW

Прелевање на пратеници? 

Ваквиот пресврт следи откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека Мендух Тачи е усогласен со коалицијата Европски фронт. Мендух Тачи на изборите во мај освои пратеничко место, со поддршка на гласачите во Изборната единица 6.

Без него, Европскиот фронт ќе остане со 17 пратеници.

Прашањето на можно прелевање на пратеници од Европскиот фронт во новото парламенатрно мнозинство, каде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ влегоа албанските партии обединета во коалицијата „Вреди“, се отвори веднаш во изборите во мај. Изет Меџити тогаш во телевизиска изјава порача дека во новото мнозинство ќе има и неколкумина пратеници од Европскиот фронт. 

„Дел од новото парламентарно мнозинство ќе бидат и тројца, можеби четворица пратеници од Европскиот фронт на Али Ахмети“, рече Меџити во интервју за A2 Си-Ен-Ен (А2 CNN). Дел од пратениците ја демантираа ваквата информација, тврдејќи дека немаат намера да го променат таборот. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема