1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блинкен во Кина: Конструктивни разговори, без компромиси

СН/агенции
19 јуни 2023

Американскиот државен секретар ги продолжи разговорите во Пекинг. Двете страни досега изразија подготвеност за дијалог, но не и за омекнување своите тврди ставови и позиции кои го поттикнаа растот на тензиите.

https://p.dw.com/p/4SkE4
Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен и директорот на канцеларијата за Централната кинеска комисија за надворешни работи, Ванг Ји
Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен и директорот на канцеларијата за Централната кинеска комисија за надворешни работи, Ванг ЈиФотографија: Leah Millis/REUTERS

Високиот кинески претставник за надворешна политика Ванг Ји и американскиот државен секретар Антони Блинкен утрината се сретнаа во Пекинг, на вториот и последен ден од официјалната посета на Блинкен на Кина.

Ванг во хиерархијата на моќ е над кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг. Блинкен е првиот американски државен секретар кој ја посетил Кина од 2018 година, пристигнувајќи во услови на зголемени тензии меѓу ривалските сили.

Во неделата, Блинкен разговараше со Чин седум и пол часа - многу подолго од планираното. За време на нивниот состанок, Блинкен повтори дека САД ја следат „визијата за свет кој е слободен, отворен и поддржува меѓународен поредок заснован на правила“.

Ентони Блинкен е прв американски државен секретар што ја посетил Кина од 2018 година
Ентони Блинкен е прв американски државен секретар што ја посетил Кина од 2018 годинаФотографија: Leah Millis/REUTERS

Американскиот државен секретар го покани кинескиот министер за надворешни работи во Вашингтон, а двете страни изјавија дека разговорите биле искрени и конструктивни.

Постојат шпекулации дека Блинкен би можел да се сретне со кинескиот претседател Ши Џинпинг подоцна денеска, но засега нема потврда од Пекинг. Доколку се одржи средбата, тоа би бил значеан сигнал за натамошниот тек на односите меѓу двете суперсили. 

За време на неговата прва посета на Кина како највисок американски дипломат, Блинкен се осврна на низа спорни прашања, како и областите во кои Пекинг и Вашингтон би можеле да соработуваат, соопшти американскиот Стејт департмент.

Министрите за надворешни работи на САД и на Кина, Ентини Блинкен и Чин Ганг
Министрите за надворешни работи на САД и на Кина, Ентини Блинкен и Чин ГангФотографија: LEAH MILLIS/REUTERS

Односите меѓ САД и Кина се сметаат за едни од најважните билатерални односи во светот.

Тие врски се сериозно нарушени поради низа прашања, како што се поддршката на Кина за руската војна во Украина, заканите на Пекинг кон Тајван и тековните трговски спорови во областите како што се напредните компјутерски чипови.

.