ПолитикаБелорусија
Белорусија: Воени вежби на границата со Украина и НАТО
2 април 2024Реклама
Тридневните воени вежби во регионите Гомел и Гродно за цел имаат тренирање на способноста на трупите на Белорусија за одбрана на територијата, соопшти белоруското Министерство за одбрана на платформата Х. Дел од воените маневри ќе бидат и симулации за случај на воведување воена состојба, се вели од Минск.
Белорусија е близок сојузник на Русија. Во февруари 2022 година Русија стартуваше со инвазијата врз Украина и од белоруска територија. Гродно се наоѓа во југоистокот на Белорусија, на границата со Украина на оддалеченост од околу 280 километри од главниот украински град Киев. Регионот Гомел се наоѓа во западниот дел од Белорусија, во близина на границата со Полска и Литванија, кои се членки на НАТО.