Платеници од Вагнер влегуваат во Полска како мигранти?
3 август 2023Заплашување на Полска – тоа очигледно била крајната цел на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенкои на Русија, Владимир Путин.На состанокот на двајцата државници на 21 јули во Санкт Петербург, Лукашенко изјавил дека платениците од руската група Вагнер сместени во неговата земја „сакаат да тргнат на пат во Варшава и Жешов“.
Полските политичари и медиуми реагираат веднаш, а за тоа дека групата Вагнер можеби е на пат кон полската граница се огласи и полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Тој рече дека има информации според кои повеќе од сто платеници од групата Вагнер напредуваат во правец на Сувалки јаз, односно дел од границата меѓу Литванија и Полска, која се протега од руската ексклава Калининград, до Белорусија.
Во меѓувреме, на интернет кружат тврдења дека платениците од Вагнер веќе речиси незабележано доаѓаат во Полска.
Дали платениците од Вагнер преправени во мигранти влегуваат во Полска?
Тврдење: „Вагнеровци влегуваат во Полска претставувајќи се како мигранти“, тврдат корисници на Твитер,на германски ина англиски. Тие се повикуваат на полската телевизиска станица Polsat News која известувала за темата. „Сигурно е дека во земјата влегуваат илегални мигранти од Белорусија, кои се всушност борци на парамилитарните единици Вагнер“, пишува еден од корисниците.
ДВ проверка на факти: Непотврдено
Твитовите се однесуваат наинтервју кое Polsat News на 28 јули го водела со белорускиот опозициски политичар Павел Латушко, а кој живее во егзил во Варшава. Но, во него тој не говори за факт дека Вагнерови платеници од Белорусија упаѓаат во Полска „под маска на мигранти“ , туку тој само изнесува претпоставки.
Латушко во интервјуто вели дека во Белорусија веќе можеби се неколку илјади платеници од групата Вагнер и додава дека можеби „плановите на Лукашенко и на Путин се платениците на Вагнер, преправени во мигранти да се искористат за предизвикување локален судир на границата на оваа членка на НАТО“. Значи, тој за тоа зборува чисто хипотетички.
Новинарскиот тим на Латушко за Дојче веле по писмен пат потврди: „Господин Латушко не тврдеше дека платеници од Вагнер влегуваат во Полска преправени во мигранти. Нема докази за тоа.“
И Моравјецки споменувал платеници од Вагнер под маска на мигранти
Полскиот премиер за тоа прашање зборуваше на 29 јули, при посета на фабрика за оружје во Гливице. Тој изнесе претпоставки за платениците на Вагнер во Белорусија.Како прво, Моравјецки изјави: „Веројатно и тие ќе се обидат да упаднат во Полска, преправајќи се како илегални мигранти.“ Од друга страна, тој рече дека платениците од Вагнер „веројатно би се маскирале во белоруски граничари и „би им помагале на илегални мигранти да влезат на полска територијаза да ја дестабилизираат Полска.“
Тие тврдења се само нагаѓања за евентуални настани во иднина, без никакви докази како поткрепа.Полската десничарска владејачка партија Право и правда (ПиС) постојано привлекува внимание со тврдења против мигрантите.
Во меѓувреме, политички експерти велат дека заканите на Русија и Белорусија кон Полска се инсценирани. Русија се обидува со закани кон оваа членка на НАТО да ја намали нејзината поддршка кон Украина. „Во Полска наесен ќе бидат одржани парламентарни избори. И Путин и Лукашенко се обидуваат да влијаат на нив, во што спаѓаат и закани – за избирачите да тргнат во ‘вистински' правец", вели за ДВ Рихор Нижникау, виш научен соработник на Финскиот институт за меѓународни работи. Целта е, вели тој, Полска да биде одвратена од нејзината улога во војната, за да „се спречи Трета светска војна.“
Заклучок: Нема докази дека платениците од Вагнер од Белорусија преправени во мигранти или претставувајќи се како такви, упаѓаат во Полска. Латушко и Моравјецки само изнесуваат претпоставки.