1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоИзраел

Барања за апсење до МКС: „Меѓународното право важи за сите“

21 мај 2024

Кое е образложението за барањата за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и неговиот министер за одбрана, како и на водачи на Хамас? Што ќе следи сега?

https://p.dw.com/p/4g5PV
Niederlande I Internationaler Strafgerichtshof (IStGH) in Den Haag
Фотографија: Phil Nijhuis/ANP/picture alliance

Зошто се бараат налози за апсење за Нетанјаху и Галант? Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, гледа доволно докази дека  израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху  и Јоав Галант, министерот за одбрана на Израел, се одговорни за голем број воени злосторства и злосторства против човештвото. Кан наведува гладување на цивили, напади врз цивили, истребување и убиства, прогон и други нехумани дејствија. По страшниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, овие дејства се случуваат во Појасот Газа од 8 октомври 2023 година. Злосторствата против човештвото се дел од систематски напад како дел од државната политика на Израел и продолжуваат да овој ден. Израел намерно и систематски го лиши цивилното население во сите делови на Појасот Газа од нештата кои се неопходни за опстанок. Примери се прекинот на снабдувањето со вода и електрична струја, затворање на гранични премини и спречување на хуманитарна помош. Главниот обвинител понатаму вели дека Израел го користел гладувањето како метод на војување и сака колективно да го казни цивилното население во Појасот Газа.

Какви налози за апсење се бараат против претставниците на Хамас?

Истовремено, Кан побара налог за апсење на  три важни личности во терористичката организација Хамас:  Јахја Синвар, шефот на  терористичката организација Хамас  во Појасот Газа; Мохамед Диаб Ибрахим Ал-Масри, командант на военото крило на Хамас, таканаречените бригади Ал-Касам; и Исмаил Ханија, шеф на политичкото биро на Хамас. Постојат доволно појдовни докази дека тие се одговорни за воени злосторства и злосторства против човештвото. Главниот обвинител наведува истребување, убиства, земање заложници, силување, тортура и други нехумани дејствија.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим КанФотографија: Peter Dejong/REUTERS

Злосторствата против човештвото се дел од систематскиот напад врз цивилното население на Израел и продолжуваат до денес. Кан е убеден дека обвинетите се одговорни за нападите врз Израел на 7 октомври 2023 година и за земањето заложници. Тој ден беше предизвикано неверојатно страдање, за што сторителите мора да бидат кривично гонети.  Заложниците биле држени во нехумани услови,  а некои од нив биле подложени на сексуално насилство и силување.

Каква улога игра нападот на Хамас во оценувањето на акциите на Израел?

Израел се разбира има право да преземе мерки за заштита на своето население по нападот на 7 октомври, постои значи „право на самоодбрана“, објаснува главниот обвинител во својата изјава. Но, Израел притоа е должен да се придржува на хуманитарното меѓународно право. Нетанјаху и Галант се двајцата главни луѓе кои се одговорни за тоа. Кан објаснува колку е важно истите стандарди да важат за сите. Меѓународното право би пропаднало доколку се применува селективно. Барањата за налози за апсење и против раководството на Хамас и против Нетанјаху и Галант потенцираат дека меѓународното право и правилата за вооружени конфликти важат за сите. И ништо не може да го оправда тоа што на луѓе,  меѓу кои многу жени и деца,  им е одземено животно важното основно снабдување. Исто како што ништо не може да го оправда киднапирањето заложници или целното убивање цивили.

Бенјамин Нетанјаху и Јахја Синвар
Сериозни обвинувања против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Јахја Синвар, шефот на терористичката организација Хамас во Појасот ГазаФотографија: DEBBIE HILL/Pool via REUTERS/MAHMUD HAMS/AFP via Getty Images

Што значи поднесувањето барање за налог за апсење?

По неколкумесечна истрага, Кан поднесе барање за издавање налози за апсење до Меѓународниот кривичен суд (МКС). Но, дали фактички се исполнети условите за налози за апсење и дали тие навистина ќе бидат издадени, мора да одлучи Судот, односно независните судии.

Значи сè уште нема потерници, туку само барања за нивно издавање.

До што би довел налог за апсење на Нетанјаху?

Сè  додека Нетанјаху останува во Израел,  налогот за апсење би имал само симболичен ефект. МКС не може да го уапси таму, нема своја полиција која би можел да ја испрати во Израел. Меѓутоа, налогот за апсење сериозно  би ја ограничил слободата на движење на Нетанјаху,  доколку тој патува во државите кои се членки на судот, таму би се соочил со апсење. Дури и неговиот имунитет како шеф на владата на државата не би го заштитил од судење во Ден Хаг, доколку тој биде обвинет за воени злосторства. Главниот обвинител Кан веќе ги предупреди земјите-членки да се однесуваат кон таквата судска одлука со иста сериозност како што би постапиле во други случаи. Според Римскиот статут, тие се обврзани да извршат апсење на нивна територија.

Зошто е надлежен Меѓународниот кривичен суд во Хаг?

Меѓународниот кривичен суд постои од 2002 година. 123 држави го признаа, вклучително и Германија. Но, САД, Кина, Израел, Сирија и Русија на пример, не го признаа. Палестинските територии се договорни држави со МКС од 2015 година. Во 2021 година, МКС одлучи дека има јурисдикција и врз областите окупирани од 1967 година, како што се Западниот Брег и Појасот Газа. Доколку се прекрши меѓународното право во овие области, судот во Хаг има јурисдикција, без разлика кој ги извршил делата.

(Коља Шварц, АРД)