Вучиќ го предложи Вучевиќ за нов претседател на СНС
27 мај 2023Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, денеска (27.05) на вонредното собрание на СНС во Крагуевац, го предложи Милош Вучевиќ за нов лидер на таа партија. „Тој, во консултација со сите нас, ќе донесе одлука за идното раководство и Претседателството“, рече Вучиќ. Милош Вучевиќ во моментов е српски министер за одбрана, потпретседател на Владата и потпретседател на СНС.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во Крагуевац нагласи дека никогаш нема да ја напушти Српската напредна партија, но дека е време да го напушти нејзиното чело.
„Премногу ја сакам оваа партија. Оваа партија, заедно со моите деца, е мојот живот. Нема да ја напуштам оваа партија додека сум жив“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека смета оти е потребен „малку поинаков пристап“, обединување на поголем број сили на оние кои сакаат да се изборат за победа на родољубива и успешна Србија, мислејќи на формирањето на Народно движење за државата, чие основање го најави претходно.