1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јенс Р. мистериозниот напаѓач од Минстер

9 април 2018

Влета со комбе во ресторан во Минстер и усмрти две лица. Потоа се самоуби. Имал психички проблеми. Во станот и во возилото чувал опасни материјали. Кој е Јенс Р. и што се знае досега за мотивите за нападот?

https://p.dw.com/p/2vjAE
Deutschland Münster Attacke mit Campingbus | Trauer am Tag danach
Фотографија: Reuters/W. Rattay

Дали нападот во Минстер е моментално лудило или сторителот, Јенс Р. (48) подолго време го планирал неделото? за сега се знае дека бил психички лабилен и дека немал врски со екстремистички кругови. Со комбе влета во летната градина на традиционалната гостилница во стариод град која била преполна во саботата, првиот вистински пролетен ден на западот на Германија. Смртно настрадаа две лица, десетина се повредени, некои сѐ уште во тешка состојба. Јенс Р. е пронајден мртов зад воланот- се самоубил со огнено оружје.
Во комбето се пронајдени десетина ткн. „полски петарди“, кои поради својата експлозивна моќ се забранети во Германија. Повеќе од нив во комбинација со, на пример, клинци би претставувале моќно оружје. Во неговиот став, недалеку од местото на злосторството, пронајден е нефункционален калашников како и повеќе канистри со биоетанол и бензин. Засега нема сознанија што планирал со нив Јенс Р.
„И натаму нема никакви индиции дека сторителот се водел од политички мотиви, ниту дека имал соучесници“, рече Хајо Кулиш, началник на полицијата во Минстер. „Но имаме индиции дека причините за нападот се во личноста на сторителот“.

Deutschland Kleintransporter fährt in Münster in Menschenmenge - Tote und Verletzte
Полицијата тврди дека напаѓачот имал психички проблемиФотографија: Reuters/NonstopNews

Жртва на заговор?!

Јенс Р. бил самостоен индустриски дизајнер без постојана работа. Кон крајот на март годинава на еден сосед му напишал писмо во кое постојат „слаби индиции дека имал суицидални намери“. Соседите го опишуваат како повлечен и конфликтен. Според една сосетка, многу се променил по несреќата пред неколку години кога тешко се повредил од пад по скали. Потоа, вели сосетката, почнал да ја малтретира целата зграда.
Друг сосед има поинаква приказна. Вели дека Јенс Р. бил љубезен, но очигледно имал психички проблеми. Зборувал за заговори и имал манија дека го прогонуваат. Според информациите во повеќе германски медиуми, истражителите во еден од неговите станови откриле долго писмо, нешто како животна исповед на Јенс Р., во кое ја споменува операцијата, ги обвинува лекарите за својата состојба, пишува за своите нерви сломови. Тој долго имал психички проблеми и наводно еднаш веќе пробал самоубиство. Од полициски кругови дојде и тврдењето дека Јенс Р. уште од порано планирал неговото самоубиство да биде „спектакуларно“.