Страдаат и најмалите
7 март 2020Бебето завитикано во кебе на оваа #ФотографијаНаДенот направена во селото Скала Сикаминијас на грчкиот остров Лезбос беше во последните чамци со мигранти кои успеаја преку Егејското море да пристигнат од Турција, во актуелната мигрантска криза која започна на 28 февруари. Во меѓувреме турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и нареди на крајбрежната стража повеќе да не им допушта на бегалците да преминуваат преку Егејското море во Европската унија бидејќи тоа е опасно по нивните животи.
Повеќе:
-Грција: Цивилни национални гардисти во потрага по бегалци
-На која карта игра Ердоган со бегалците?
-Како Анкара и Атина ги злоупотребуваат бегалците
Турција меѓутоа соопшти оти не отстапува од начелото дека нема да се обидува да ги задржи мигрантите на својата територија но ваквиот пристап нема да важи единствено за преминот по морски пат, кој според Анкара е опасен по животот на бегалците.