Унгарската опозиција се обединува против Орбан
21 декември 2020Најзначајните опозициски партии во Унгарија се договорија да имаат една изборна листа на државно ниво и по еден заеднички кандидат кој ќе се спротистави на Фидес во секоја изборна единица. Тие ќе избираат и еден заеднички кандидат за премиер кој ќе се спротистави на Орбан, кој трипати по ред победуваше на изборите и ја води земјата од 2010 година.
Идеолошки различните партии, либерални, десничарски и еколошки, соопштија дека ги оставаат на страна разликите за да дојде до „историски промени“. „Унгарскиот народ има прва вистинска шанса во последните 10 години да се ослободи од корумпираното и нечесно владеење на Фидес“, се наведува во соопштението.
Неодамнешните истражувања на јавно мислење покажуваат дека обединета опозицијата може да го загрози останувањето на власт на Фидес, по едно десетлетие.
Повеќе:
-Унгарија: Секс-скандалот го потресува системот на Виктор Орбан
-Илјадници Унгарци на протест за слобода на медиумите
-Практичната траума на Виктор Орбан
Ноемвриското истражување на „Паблик рисрч“ покажа дека 6 опозициски партии заедно имаат 4 поени предност во однос на Фидес, додека според резултатите на друга агенција, кои се објавени месецов, поддршката за владеачката партијаопаднала за 6 поени во однос на август. Фидес и натаму е најпопуларна партија во Унгарија.
Меѓународните набљудувачи парламентарните избори во Унгарија во 2014 година ги опишаа како „слободни, но не и чесни“, а Организацијата за европска безбедност и соработка во извештајот по изборите во 2018 година, наведе оти изборната кампања ја обележале „заплашување и ксенофобна реторика, пристрасност на медиумите и нетранспарентно финансирање на кампањата“.
На крајот на ноември Орбан го собори 130-годишнот рекорд и стана унгарски премиер со најдолг стаж во историјата, вклучувајќи го и неговиот прв мандат од 1998 до 2002 година.Опозициските партии во заедничкото соопштение ветија дека ќе ја исчистат земјата од корупција, ќе ја вратат слободата на медиумите, ќе изградат нов устав и ќе ги изменат изборните закони.