1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Украина мобилизира резервни сили

СН/ агенции
3 декември 2018

Продолжуваат тензиите меѓу Москва и Киев. Украина најави мобилизација на резервните сили согласно воената состојба во земјата поради Керчката криза, која е кулминација на конфликтот во Азовското море кој тлее со месеци.

https://p.dw.com/p/39Kr1
Ukraine Mariupol Wachdienst an Bord der 'Donbas'
Фотографија: DW/N. Connolly

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска најави мобилизација на резервните сили поради тензиите со Москва, по инцидентот на 25 ноември во кој Русија ракетираше и заплени украински воени бродови во Керчкиот проток. Порошенко одговори со прогласување воена состојба во поголем дел од земјата во траење од 30 дена.

Денеска тој најави дека резервните воени сили ќе бидат повикани на смотра, согласно воената состојба, а дополни дека некои воени единици ќе бидат прераспоредени за да ја зајакнат одбраната на земјата.

Ukraine Mariupol Artillerieboote
Фотографија: DW/N. Connolly

Од друга страна, Кремљ денеска ги означи како апсурдни обвинувањата на Украина дека Русија има претензии кон украинските пристаништа Мариупол и Бердањск  со цел да создаде копнен коридор меѓу полуостровот Крим, анектиран од Русија и источна Украина, која е под контрола на проруските сепаратисти.

Повеќе:

-Азовско море: Украина е во право, но Русија има контрола

-Порошенко го потпиша воениот закон

„Тоа е апсурдна изјава“, изјави портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, обвинувајќи го Киев дека прави уште еден обид за засилување на тензиите.

Инаку, конфликтот во Азовското море тлее веќе подолго време а инцидентот на 25 ноември претставуваше кулминација. Повеќе за тоа во следнава галерија: