1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиен претседателот на Хаити, Жовенел Моиз

Сабине Фабер
7 јули 2021

Претседателот Жовенел Моиз бил убиен во својот дом, соопшти владата на Хаити. Убиството е врв на кризата во земјата која трае со години.

https://p.dw.com/p/3w9tK
Haiti Präsident  Jovenel Moise
Фотографија: Dieu Nalio Chery/AP Images/picture alliance

Група досега непознати напаѓачи во текот на ноќта упаднале во приватната резиденција на претседателот Жовенел Моиз и го убиле, соопшто привремениот премиер Клод Жозеф. Сопругата на Моиз е повредена и пренесена е во болница. Жозеф го осуди „нехуманиот, варварски акт полн со омраза“. Тој нагласи дека полицијата и властите ја имаат под контрола состојбата во земјата.

Хаити со години е во криза. Во земјата се водат војни на банди кои се борат за контрола над делови од главниот град Порт-о-Пренс. Новинарот од Хаити, Вилдлор Меранкур за ДВ оценува дека врски со бандите наводно има и владата. Според наводи на ОН, поради овие причини од земјата веќе избегале 15.000 луѓе. Освен тоа, во Хаити владее голема сиромаштија, а економски земјата е на дното.

Политичката ситуација е исто така исклучително нестабилна. Ариел Анри вчера беше избран за премиер, седми во рок од четири и пол години, но без учество на парламентот, поради тоа што во моментов во земјата нема парламент. Се чини дека Анри сѐ уште ја нема преземено работата, со оглед на тоа што досега изјави дава само неговиот претходник Жозеф.

Symbolbild Gewalt in Haiti
Во Хаити се водат војни на банди кои се борат за контрола над делови од главниот град Порт-о-ПренсФотографија: Jean Mark Herve Abelard/imago images/Agencia EFE

Анри би требало да состави влада која ќе се зафати со проблемот на насилство и која ќе обезбеди непречен тек на претстојните избори, напиша во понеделникот претседателот Моиз. На 26 септември треба да се одржат претседателски и парламентарни избори во земјата.

Парламентарните избори, кои беа предвидени за октомври 2019 година, не се одржаа, меѓу другото поради жестоките протести против Моиз, па Хаити од почетокот на новиот легислативен период во јануари 2020 година нема парламент. Моиз оттогаш владееше со декрет.