Трамп се обидува да ја ограничи штетата
18 јули 2018Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека направил лапсус кога на самитот со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки рекол дека не гледа зошто Москва би се мешала во американските претседателски избори во 2016 година.
Трамп на новинарите во Белата куќа вчера им рече дека всушност сакал да каже дека не гледа зошто Русија „не би“ била одговорна за мешање во тие избори. Тој истакна дека го прифаќа заклучокот на американската разузнувачка заедница дека Русија се мешала во изборите на кои тој стана претседател, но негираше дека неговиот изборен штаб бил во дослух со Москва за време на предизборната кампања.
Повеќе:
-Жестока критика на умилкувањата на Трамп кон Путин
-Ќе го издаде ли Трамп Западот?
Трамп говореше пред новинарите еден ден по самитот во Хелсинки, откако речиси целокупната американска јавност остро го критикуваше неговиот однос кон рускиот лидер. Тој во Хелсиники не ја осуди Русија за мешање во американските избори, додека Путин рече дека посакувал Трамп во 2016 година да ја победи кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон.