Трамп само „си игра играчки“
7 јануари 2019Во ова многу студено утро со два пара ракавици на себе, Џенет Алсфорд си ја завршува секојдневната тура со велосипедот во Чесапик и Охајо канал националниот историски парк. Како влегла во паркот? „Се прикраднала" со велосипедот во националнипот парк и тоа ќе го прави се додека не заврши блокадата на буџетот вели видно изнервирана, оваа графичка дизајнерка која живее во близина. Националниот парк е официјално затворен за јавност, куќарката на ренџерите празна, а пристапот за автомобили или автобуси блокиран. Но, посетители пеш или со велосипед и понатаму може да влезат од неколку страни, секако на сопствен ризик.
Алсфорд на ова сиво студено петочко утро, на 14от ден од таканаречениот „шатдаун“ во САД, е една од малкуте посетители во паркот. „Во други услови сега ќе беше полно", вели таа. Но студот, а пред се „шатдаун“ одврати многу посетители. Паркот со многубројните патеки за пешачење и возење со поглед на брзаците на реката Потомак е едно од најпосетените знаменитости во околината на Вашингтон привлекувајќи голем број туристи но и локално население.
Но, не само што не доааѓаат туристите поради „шатдаун“, туку и голем број локалци, кои како Алсфорд секој ден доаѓале во паркот, сега ги нема. „Многу луѓе вообичаено секој ден доаѓаат тука да се прошетаат со кучињата", вели таа. „Не го познавам, ама има барем три-четворица со кој секој ден си се поздравуваме овде во паркот."
Новогодишни честитки за ренџерите
Алсфорд најмногу жали за тоа што ги нема ренџерите во паркот, особено отсуството на оној кој секој ден и ја отвораше рампата за влез во паркот. „Едноставно имавме убав однос, затоа ми недостасува", вели таа и додава "имав дури и новогодишни честитки за нив во ранецот, и сакав да им ги дадам, но за жал не се тука."
Повеќе на темата:
-Трамп се заканува со долга блокада
-„Шатдаун“ во САД: Договор не е на повидок
-Принудни одмори поради ѕидот на Трамп
Кој е одговорен за "шатдаун“, а поради тоа и за отсуството на ренџерите во националниот парк заедно со уште 800.000 вработени во јавната администрација, на Алсфорд и е сосем јасно: Доналд Трамп. „Тој си игра играчки со животите на над 800.000 луѓе кои поради него не можат да работат."
На исто мислење е и Џеј Пол Хиндс, професор по теологија на Хауард универзитетот во Вашингтон. И тој редовно доаѓа во паркот за да шета покрај реката во тишина и да најде мир од хектичното секојдневие. „Со ‘шатдаун’ се жртвува благостостојбата на работниците за политички цели", вели тој и додава: „ Фактот дека претседателот Трамп е толку тврдоглав е многу вознемирувачки."
Затворени тоалети
Пред крајот на својот утрински џогинг Стивен Шупај бара тоалет, но ова утро во паркот тоа е сосем залудно. „Тоалетите во паркот се затворени. Тоа е смешно", вели тој и нагласува дека затворените тоалети се само еден неважен детал како последица на „шатдаун“. Директно засегнатите од јавната администрација се вистинските жртви на оваа криза. „Едноставно лоша, многу лоша ситуација," заклучува тој.
И Шупај кој живее во околината смета дека Трамп е главниот одговорен за блокадата на буџетот. „Се работи за неговото его", вели тој. Заради тоа претседателот неодамна повторно го нагласи барањето за изградба на ѕид на границата со Мексико. Однесувањето на Трамп не ветува скоро решавање на кризата, стравува Шупак.
Конгресот е на потег
Многу е важно да се појасни дека личните ставови на посетителите во националниот парк, како Шупак, Хиндс и Алсфорд секако не претставуваат репрезентативен став за „шатдаун“ на целото американско население. Тие многу повеќе се една анегдотска и локална мини-слика на состојбата на четиринаесетиот ден од „шатдаун“ во еден национален парк во близина на Вашингтон.
Па сепак ставовите на овие тројца очигчедно во голема мера го одразува ставот на многумина Американци. Неколку анкети по почетокот на „шатдаун“ покажуваа дека поголемиот дел од испитаниците го сметаат претседателот Трамп како виновник за блокадата на буџетот. Но, една анкета објавена неделава покажува дека сега голем дел од луѓето сметаат дека поголема е одговорноста кај новоизбраниот Конгрес отколку кај Трамп. Точно републиканците имаат помала поддршка од демократите, но „црниот петко" барем според ова испитување повеќе лежи кај Конгресот, а не примарно кај претседателот.
И теологот Хиндс се согласува. Според него Трамп е одговорен за „шатдаун“, но по преземањето на моќта во Претставничкиот дом сега демократие ја имаат одговорноста да и стават крај на блокадата на буџетот. „Сигурен сум дека може да се најде компромис", вели тој. „Но двете страни се толку цврсто застанати на своите позиции, поради што за жал мислам дека ова ќе потрае."