1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп сака заштитни царини и за возилата од странство

СН /дпа,афп,ртр
24 мај 2018

Во трговскиот спор, американскиот претседател Доналд Трамп сега на нишан ја зема автомобилската индустрија. Тој гледа закана за националната безбедност. Германските производители би можеле да бидат значително погодени.

https://p.dw.com/p/2yDzS
Symbolbild | Trump erwägt Strafzölle für Autos
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Deck

Претседателот на САД, Доналд Трамп официјално му наложи на министерството за трговија на САД да ја провери можноста за воведување на увозни давачки за автомобили, камиони и делови за автомобили. Мора да се разјасни дали увозот на возила претставува закана за американската национална безбедност, рече Трамп во Вашингтон. Формално, тој наредил истрага според т.н. член  232. „Клучните индустрии како оние за автомобили и автомобилски делови се од клучно значење за силата на нашата нација“, истакна Трамп. Со заштитата на националната безбедност, претседателот, исто така, ги образложи и заштитните царини за челик и алуминиум воведени во март, од кои Европската унија е изземена до 1-ви јуни.

Американскиот министер за трговија, Вилбур Рос, рече дека постојат докази кои сугерираат дека увозот од странство со години ја поткопува домашната автомобилска индустрија. Тој најави „темелна, фер и транспарентна истрага“ од страна на неговото министерство, за тоа дали ваквиот увоз ја ослабува  економијата на САД и ја заслабнува националната безбедност.

Повеќе:

-Казнени царини: Германските автопроизводители не се плашат од заканите на Трамп

-Русија се заканува со санкции поради казнените царини на САД

-Казнени царини: ЕУ да не влегува во игричките на нарцисот Трамп

Според весникот Волс Стрит Џурнал казнената царинска стапка за увезените возила би можела да изнесува до 25 проценти. „Нашите извонредни автомобилски работници набргу ги очекуваат големи вести“, напиша Трамп  на Твитер, продолжувајќи, „Откако вашите работни места со децении се губеа во други земји, чекавте доволно долго!"

За засегнатите производители на автомобили, увозните давачки би можеле да создадат значителен трошочен притисок. Извозот во САД е од големо значење и за германските и за европските производители. Според податоците на истражувачот на автомобилскиот пазар Аутодата, европските компании во Северна Америка произведуваат само околу 30 отсто од нивните возила што се продавале во САД во 2017 година. Спротивно на тоа, јапонските и корејските производители таму произведуваат 70 проценти од своите автомобили кои ги продаваат на американскиот пазар.