Русија се заканува со санкции поради казнените царини на САД
23 мај 2018Русија во Светската трговска организација (СТО) пријави можни санкции против САД како одговор на американските казнени царини за челик и алуминиум. Покрај Русија, i Јапонија и Турција најавиле одмазднички царини, соопшти СТО.
Во сопштението казнените царини на САД се означени како протекционистички мерки на кои другите земји, согласно меѓународното трговско право, смеат да реагираат со наметнување на соодветни сопствени мерки.
Ни Русија ниту Јапонија не наведоа кои американски извозни производи ќе бидат погодени од контрамерките. Турција, пак, наведе 22 американски производи, вклучувајќи ореви, ориз и тутун, како и автомобили и производи од челик.
Повеќе:
-Ќе ѝ објави ли Трамп трговска војна на ЕУ?
-Казнени царини: ЕУ да не влегува во игричките на нарцисот Трамп
-Економската политика на „пубертетлијата“ Трамп
Русија соопшти дека земјата имала дополнителни трошоци од 538 милиони долари поради царините за увоз на челик од 25% од 25% и за алуминиум од 10%, кои во март ги воведе претседателот на САД, Доналд Трамп. Јапонија пријави 440 милиони и Турција 267 милиони долари, дополнителни трошоци.
И ЕУ пријави контрамерки
Кина и Индија, исто така, пријавија воведување на одмазнички царини. За ЕУ сè уште во сила е привремено изземање од казнените царини на САД до 1-ви јуни. Меѓутоа, како мерка на претпазливост, Европската комисија во петокот официјално ја информираше СТО дека е подготвена да воведе контрамерки.
ЕУ ги проценува своите дополнителни трошоци поради американските казнени царина на 1,6 милијарди американски долари . Таа во моментов се обидува во преговори со владата во Вашингтон да издејствува неограничено изземање од овие царини.