1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп одобрил, па запрел напад врз Иран

БГ
21 јуни 2019

Претседателот Трамп наводно одобрил воздушни удари во знак за одмазда поради уривањето на дрон од страна на Иран. Одлуката била сменета по состанокот со конгресните лидери.

https://p.dw.com/p/3Kon6
USA Spannungen mit dem Iran | Trump
Фотографија: Reuters/J. Ernst

Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил  ограничени напади врз Иран  но потоа се повлекол, јавуваат денеска повеќе медиуми во САД. Воената операција требала да биде одговор на уривањето на набљудувачки дрон на американската армија од страна на Иран на Ормушкиот теснец.

Претходно, Трамп одби да каже како САД ќе одговорат на уривањето на дронот, изјавувајќи пред новинарите „Ќе видите”. Наводно, американските воени авиони веќе биле во воздух а бродовите на позиции, но од непознати причини, нападот не започнал. Според еден извор, цел на нападите биле радари и подвижни ракетни фрлачи.

Иран во петокот соопшти дека поседува „несоборливи” докази дека американскиот дрон кој бил соборен, го повредил иранскиот воздушен простор.

Тензиите меѓу САД и Иран ескалираа  минатата недела откако два танкери во Оманскиот Залив беа цел на напад. Белата куќа го обвини Иран дека стои зад нападите, а државниот секретар Мајк Помпео се закани со употреба на сила.

„Нема апетит за војна”

Претседателот Трамп се сретна со претставниците на обете партии во Конгресот на затворен состанок за состојбата во Иран, кој траел повеќе од еден час. Претставниците на Демократите барале од Трамп смирување на состојбата.

Конгресниот спикер Ненси Пелоси тогаш изјави дека американските граѓани „немаат апетит” за војна со Иран. Но,  Републиканците му дадоа поддршка на Трамп.

Согласно Уставот на САД, Конгресот мора да одобри употреба на сила или прогласување војна. Но претходните администрации вршеа интервенции во странство и без одобрение на законодавниот дом, користејќи го Законот кој беше донесен по терористичките напади од 11 септември 2001.