1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Доналд Трамп има нова работа

Кристијан Валц
9 септември 2021

По заминувањето од Белата куќа, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се зафаќа со нешто сосема ново - коментирање!

https://p.dw.com/p/407C6
Donald Trump Boxen Jack Johnson
Фотографија: Susan Walsh/AP Photo/picture alliance

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има нова работа - ќе го коментира бокс-мечот помеѓу поранешниот светски првак во тешка категорија Евандер Холифилд и бразилскиот ММА-борец (ММА - мешани боречки спортови), Витор Белфорт. Притоа, заедно со Трамп Сениор ќе коментира и неговиот син Доналд Трамп Јуниор.

„Сакам извонредни борци и големи борби“, оценува Трамп и додава дека се радува што „во сабота навечер ќе ги гледам двајцата и ќе можам да ги споделам своите размислувања“. „Не би сакале да го пропуштите овој посебен настан“, порачува Трамп, а неговите зборови се пренесени во соопштение лиферувано од страна на стриминг-сервисот Fite TV.

Скапо задоволство

Мечот ќе се одржи во „Хард Рок Хотел и Казино Холивуд“ во Флорида. Оние кои сакаат да го гледаат мечот преку Fite TV ќе мора да платат по 49,99 долари. Тие ќе може да оценат и колкаво стручно познавање од бокс има републиканецот Доналд Трамп.

USA Box-Event in Las Vegas Evander Holyfield
Евандер Холифилд повторно во ринготФотографија: Valery Sharifulin/TASS/dpa/picture alliance

Тој во секој случај веќе има искуство со боксот. Додека поседуваше казина во Атлантик Сити, таму се одржуваа многу бокс-мечеви.

58-годишниот Холифилд својата последна борба ја имаше пред многу години. Против Белфорт всушност требаше да се бори бокс-легендата Оскар Де Ла Хоја, кој се надеваше на камбек. Но, 48-годишникот отпадна поради Ковид-заболување