1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп не исклучува кандидатура во 2024 година

Рајнхард Клебер
1 март 2021

Дали Доналд Трамп во 2024 година повторно ќе влезе во трка за претседател на САД? На една средба на конзервативни активисти тој не рече ниту да“ ниту „не“.

https://p.dw.com/p/3q2s0
USA Florida | US-Republikanertreffen CPAC| Donald Trump Rede
Фотографија: Octavio Jones/REUTERS

На првиот јавен настап по заминувањето од функцијата, поранешниот американски претседател Доналд Трамп зборуваше и за прашањето на кандидатура за претседателските избори во 2024 година. На една средба на конзервативни активисти во Орландо, тој рече: „Со ваша помош ќе го вратиме Претставничкиот дом, ќе го добиеме Сенатот, а потоа републикански претседател триумфално ќе се врати во Белата куќа. Се прашувам кој ќе биде тоа? Кој, кој, кој ќе биде тоа, се прашувам“, рече Трамп смешкајќи се.

Публиката тоа го поздрави со громогласен аплауз. Трамп на средбата на Конзервативната политичка акција (ЦПАЦ) повторно рече дека тој победил на изборите на 3 ноември 2020 година. 74-годишниот поранешен претседател до денес одбива да го признае својот јасен пораз на изборите и тврди дека Џо Бајден победил со фалсификат. Притоа, за своите тврдења никогаш не даде докази.

Во својот говор во Орландо, Трамп нагласи дека не планира да основа своја партија и дека ваквите информации се „лажни вести“.

Повеќе:

Независна истражна комисија за упадот во Капитол и одговорноста на Трамп

Процесот против Трамп е во согласност со Уставот

Трамп е горд што не започнал војна и бара молитва за новата влада

Контроверзниот екс-претседател и натаму ужива голема поддршка во големи делови од Републиканската партија, иако има и критичари во партијата. Тоа го покажува и анкетата меѓу учесниците на средбата на ЦПАЦ. На прашањето кој би бил најдобар кандидат за претседател на изборите во 2024 година од редовите на Републиканците, 55% од нив одговориле дека тоа би бил Трамп. На втора позиција, со голема разлика во гласови е гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, кој има 21% од гласовите.