1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Tилерсон повеќе не е прв дипломат на САД

СН/ агенции
13 март 2018

Веќе подолго време имаше шпекулации дека Рекс Тилерсон би можел да поднесе оставка или да биде отпуштен од функцијата. Сега тоа навистина се случи. А претседателот Трамп назначи и негов наследник.

https://p.dw.com/p/2uF3y
US-Außenminister Rex Tillerson
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Ernst

Актуелниот директор на Американската разузнувачка служба ЦИА, Мајк Помпео ќе биде нов министер за надворешни работи на САД и ќе го замени Рекс Тилерсон. Ова го објави американскиот претседател Доналд Трамп изненадувачки на социјалната мрежа Твитер. Помпео извонредно ќе ја врши работата, напиша Трамп. Тој истовремено му се заблагодари на Тилерсон. Покрај тоа претседателот за нова директорка на ЦИА ја назначи досегашната заменичка на Помпео, Џина Хаспел. Двете назначувања мора да добијат и потврда во Сенатот на САД,

USA Mike Pompeo - Trumps Kabinett
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. B. Ceneta

Висок претставник на американската администрација по објавата на Трамп за промена на местото на прв дипломат на САД истакна дека претседателот сакал да изврши промени во неговиот кабинет пред да ги започне преговорите со голем влог со Северна Кореја. „Претседателот сакаше да осигура да има подготвен нов тим пред претстојните разговори со Северна Кореја“.  Промената на врвната функција во Стејт департментот се случува неколку денови по спектакуларната најава за средба меѓу Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун , чиј термин и детали допрва треба да бидат утврдени.

Повеќе: 

-Тилерсон: САД не се непријател на Северна Кореја

-Доналд Трамп и Ким Јонг Ун подготвени за средба

-Трамп и Путиновиот пријател Тилерсон - САД како компанија

Во изминатата година постојано имаше шпекулации за оставка на Тилерсон. 65-годишниот политичар мораше постојано да го демантира тоа. Инаку во минатото често пати се случуваше Тилерсон да застапува позиции кои се разликуваат од оние на Трамп, меѓу другото и во конфликтот околу севернокорејската атомска програма.Останува нејасно дали Тилерсон си заминува од функцијата под притисок на Трамп или по негово барање.