1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Хронологија: напади врз верски храмови

БГ
15 март 2019

Верските објекти ширум светот се честа мета на екстремистите. Од 2010 година досега изведени се серија такви напади во кои најчести жртви се невини цивили. Ова е преглед на најсмртоносните напади во последните 10 години

https://p.dw.com/p/3F6z6
Tote und Verletzte bei Anschlag in Kabul am Neujahrstag des Landes
Фотографија: Reuters/M. Ismail

31 октомври 2010: Милитанти на Ал Каеда во Ирак ја нападнаа црквата Наша Богородица во Багдад за време на неделната ноќна миса, убивајќи 58 луѓе во најсмртоносниот напад врз христијани од почетокот на американската инвазија во 2003 година. Ал Каеда во Ирак подоцна прерасна во Исламска држава.

15 декември 2010: Двајца бомбаши самоубијци од сунитската екстремистичка група Џундала се разнесоа со експлозив во близина на шиитска џамија во југоисточен Иран, убивајќи притоа и шестмина команданти на Револуционерната гарда.

16 јули 2010: Групата Џундала изведува двоен самоубиствен напад врз друга шиитска џамија во југоисточен Иран убивајќи притоа 27 луѓе, а повредени се 270.

Afghanistan Begräbnis Opfer Anschlag Moschee in Herat
Погреб на загинати верници по напад врз шиитска џамија во Авганистан во 2017 годинаФотографија: DW/Shoaib Tanha Shokran

5 август 2012: Шест верници во Храмот на Сиките во Висконсин, САД се смртно застрелани од белиот супремацист, Вејд Мајкл Пејџ. Пејџ е ранет подоцна во престрелка со полицијата, а потоа се самоубива.

18 ноември 2014: Двајца Палестинци, користејќи секири, ножеви и пиштол убиваат четворица еврејски верници и израелски полицаец во синагогата во Ерусалим.

30 јануари 2015: Бомбаш самоубиец во шиитска џамија во пакистанскиот град Шикапур убива 71 лица. Одговорноста ја презема групата Џундула.

20 март 2015: Бомбаши самоубијци на Исламската држава напаѓаат две џамии во главниот град на Јемен, Сана. Во огромните експлозии страдаат 137 верници.

17 јуни 2015: Деветмина црни верници вклучително и нивниот свештеник се убиени од Дилан Руф, 21-годишен бел супремацист, откако претходно се молел со нив во Чарлстон, Јужна Каролина.  Руф беше осуден за кривично дело од омраза и осуден на смрт.

USA Gericht beginnt mit Beratung über Strafmaß für Charleston-Attentäter
Супремацистот Дилан Руф доби смртна казна поради убиството на 9 лица во црква во ЧарлстонФотографија: Reuters/Pool

24 септември 2015: Бомбаш самоубиец напаѓа џамија во Сана, Јемен, убивајќи 25 верници за време на молитва на муслиманскиот празник Рамазан.

12 ноември 2016: Бомбаш самоубиец на Исламската држава убива над 50 луѓе во храмот Шах Нурани во пакистанската провинција Балучистан.

11 декември 2016: Бомбаш самоубиец напаѓа капела до Катедралата Св. Марко во Каиро, убивајќи најмалку 25 луѓе. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.

16 февруари 2017: Бомбаш самоубиец детонира експлозив меѓу верници во храмот Лал Шабаз Каландар во провинцијата Синд во Пакистан, убивајќи 98 луѓе.

9 април 2017: Во двоен самоубиствен бомбашки напад врз цркви во египетските градови Александрија и Танта убиени се најмалку 45 луѓе. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападите.

Ägypten Anschlag auf Christen in Tanta
Во нападот врз коптската црква во Танта, Египет, настрадаа 45 луѓеФотографија: Getty Images/AFP/Stringer

5 ноември 2017: Облечен во црна воена униформа и вооружен со автоматско оружје, 26-годишниот Девин Кели ја напаѓа баптистичката црква во Садерланд Спрингс, Тексас, убивајќи притоа 26 луѓе, а ранува 20 други.

24 ноември 2017: Милитанти убиваат 311 верници во напад врз џамија во северен Синај- најсмртоносниот терористички напад од тој тип во историјата на Египет.

17 декември 2017: Во напад на Исламската држава врз црква во пакистанскиот град Кета убиени се 16 луѓе.

27 октомври 2018: Напаѓач кој претходно ширел анти-семитска реторика и навреди на социјалните мрежи, влегува во синагогата во Питсбург и убива 11 лица, а повредува уште шестмина, меѓу нив и четворица полицајци.

15 март 2019: Најмалку 49 луѓе се убиени во напад врз џамии во градот Крајстчрч во Нов Зеланд. Напаѓачот е расист и десничарски милитант од Австралија.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи