Германија: 6 осомничени десничарски терористи во притвор
1 октомври 2018Германското обвинителство соопшти денеска дека се уапсени 6 мажи под сомневање оти формирале „екстремно-десничарска терористичка организација“ во градот Кемниц, на истокот на земјата, каде што во изминатиот период избувна насилство на антимигрантските собири.
Генералното сојузно обвинителство соопшти дека 6 германски државјани на возраст меѓу 20 и 30 години ја формирале групата „Револуција Кемниц“ со уште еден маж кој е уапсен минатиот месец за друг случај.
Повеќе на темата:
-Нема докази за хајка против странци во Кемниц?
-Сигнал од Кемниц против омразата кон странците
-Кој е лекот против десниот радикализам?
Обвинителството наведе оти приведените лица планирале напади на странци и на политички ентитети.
Над 100 полицајци беа вклучени во апсењето во покраините Сакасонија и Баварија, како и во рациите на неколку имоти кои се поврзани со осомничените.
Во Кемниц во август изби насилство на антимигрантсите собири по едно убиство на еден Германец за кое се осомничени мигранти.