Конфликти
Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Романија
11 август 2018Реклама
Во насилните судири на полицијата и демонстрантите на маргините намасовните антивладини протести синоќа во Букурешт се повредени 440 лица, меѓу кои и 24 полицајци.
До судири дошло на повеќе места. Пред владиното седиште полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, повеќе лица се приведени. Незадоволството од коруптивната влада Романците го изразија и во други градови, каде на улиците излегоа десетици илјади граѓани. На демонстрации преку социјалните мрежи повикаа романските гастарбајтери, кои одморот го поминуваат во својата татковина. Протестите против социјалдемократската влада траат со месеци. Критичарите ја обвинуваат за промена на законите во прилог на коруптивните политичари.