1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Стилот на Јирген Клоп го врати Ливерпул на тронот

БГ /РТР
26 јуни 2020

По 30 годишна суша повторно на врвот. Триумфот на Ливерпул во Премиер лигата засекогаш ќе биде поврзан со харизмата, желбата и страста на нивниот менаџер Јирген Клоп.

https://p.dw.com/p/3eMAh
Club World Cup - Final - Liverpool v Flamengo | Pokalsieger
Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach

Клоп презема клуб кој беше без титула во лигата од 1990 година и се уште во длабок шок откако круната им се лизна од раце во 2014 година под водство на Брендан Роџерс. На почетокот, првата цел на Германецот беше да внесе самодоверба и ентузијазам во клубот.
„Затоа што се чинеше малку депресивно таму, и мислам дека имаше логика да бидам екстремно активен“, рече тој. Тоа беше забележливо уште во првите месеци.
Но, додека Клоп јавно ги забавуваше навивачите со своите прегратки, насмевки и позитивно размислување, зад сцената составуваше пристап кој далеку ги надминуваше најавите за „хеви метал фудбал“, фраза која ја состави во претходниот клуб Борусија Дортмунд.
Тоа беше комбинација на традиционалниот англиски фокус на менаџерот како лидер и водач, со германскиот тренерски фокус на детал, и менаџерски стил кој повеќе потсетува на ултра-специјализираниот свет на американскиот фудбал.

„Не се однесувај како да знаеш се и биди подготвен да го признаеш тоа. Тоа не е никаква филозофија, туку мојот начин на живот“, изјави Клоп во едно неодамнешно интервју.

UEFA Champions League Finale | Tottenham Hotspur v FC Liverpool
Ливерпул е и актуелен европски и светски клупски првак. Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Woitas

„Опкружи се со силни луѓе околу тебе со подобро знаење во различни области од тебе“.
Токму тоа беше пристапот на Клоп од самиот почеток. Тој јасно стави до знаење дека нема намера да микро-менаџира со секој аспект во клубот. Кога еден службеник го праша кога сака да тргне автобусот со играчите пред натпреварот, неговиот одговор беше: „Зошто ме прашуваш мене?“

Претходните менаџери можеби секогаш ги носеле тие одлуки, но Клоп кажуваше две нешта со тој одговор: прво, има поважни работи со кои треба да се занимава, но уште поважно, други луѓе подобро го знаат одговорот на тоа прашање.

Менаџментот во Премиер лигата генерално се оддалечува од „старата школа“ кога „шефот“ одлучуваше за трансфери и договори, патувања со автобус, тренинг, како и тактика и селекција.

Клоп далеку посериозно го сфаќа делегирањето. Тоа беше пристап кој го користеше и во Дортмунд. Во Ливерпулг се случи сериозна регрутација на експертите во делот на аналитиката и спортската наука.
Кога Клоп ги добива клучните информации, тој има дарба да им ги презентира на играчите на концизен и ефектен начин и честопати тоа го прави сам, наместо да им го остава на помошниците со таблети.

„Неговата умешност да одлучи кога да сподели информација а кога не, или што да сподели, а што не, е на друго ниво“, вели аналитичарот на Ливерпул Марк Лејланд.

52-годишниот Клоп често знае да прегрне некој играч и е познат како човек кој сака да ислуша и да советува, но тој релаксиран и грижлив пристап знае да ја маскира неговата пожестока страна.
Дали е тој „менаџер на играчите“ или строг лидер?
Клоп нема дилеми: „Обете- и пријател и генерал“.