1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија: Остана само улицата, а таа е непредвидлива

СН/ печат
11 јули 2020

„Сега и денешните тинејџери го почувствуваа адреналинот на уличните борби. Што ќе се случи ако режимот на Вучиќ продолжи вака, а нема опозиција да го канализира незадоволството?“, прашува германскиот печат.

https://p.dw.com/p/3f9Rc
Serbien Belgrad Antiregierungsproteste Demonstranten stürmen Parlament
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Vojinovic

„Во Белград повеќечасовните мирни демонстрации против корона-политиката се повторно засенети од насилство по нападите на демонстрантите“, јавува најголемата германска агенција ДПА. „Синоќа група националистички демонстранти насилно продреа во српскиот парламент. Дојде до конфликти со полицијата, која потоа околу полноќ со палки и солзавец го запре налетот на насилните демоснтранти.“ 
ДПА пишува дека на метата на насилниците се нашле и новинари и мирни демонстранти и оти, според локалните извештаи, се уапсени 70 демонстранти. Агенцијата наведува дека повлекувањето на најавата за полициски час не ги смирила деминстрантите и оти „протестите сѐ повеќе се насочуваат кон самиот Вучиќ.  Националистите му префрлаат и предавство бидејќи се согласил на нови разговори со Косово по германско-француското преседавање“.

Се додава дека националистите ги искористиле демонстрациите и да „им дадат поддршка на осудените воени злосторници Ратко Младиќ и Радован Караџиќ“ по повод 25-годишнината од масакарот во Сребреница.

Serbien Belgrad Antiregierungsproteste Coronamaßnahmen Polizei
Фотографија: Getty Images/A. Isakovic

Во текстот подготвен пред синоќешните демонстрации, берлинскиот весник Тагесцајтунг известува дека „во шарената група демонстранти има и десни екстремисти, но тие се апсолутно малцинство“. Додуша, додава весникот, токму демонстрациите „му го привлекоа вниманието на Запад на заборавената Србија“.
„Во изминатите 8 година исплива по некоја криминална афера на владеачката екипа, од лажирање на дипломи до илегални бизниси со оружје и убиства од небрежност. Државното обвинителство сѐ игнорираше. И поради тоа се протестира во Србија“, пишува весникот.

Повеќе:

-Во Србија беснее коронавирусот и врие гневот кај народот

-Протести во Србија – долгата сенка на комунизмот

-Протестите во Белград - излив на колективна фрустрација

„Србија не се смирува од распаѓањето на Југославија. Сега и денешните тинејџери првпат проголтаа солзавец и го почувствуваа адреналинот од уличните борби. Што ќе се случи ако режимот на Вучиќ продолжи вака, а нема политичка опзиција која може да го канализира незадоволството? По кој пат ќе тргне Србија кога нема државни институции ниту медиуми каде може да се води дијалог? Тука останува единствено улицата. А таа е непредвидлива“, пишува Тагесцајтунг.

Бурна ноќ во Белград

Весникот Франкфуртер рундшау во еден текст се прашува „дали српските разузнувачки служби ги испратиле своите хулигански помошни трупи во битка со сопствената полиција за да ги дискредитираат протестите?“.„Хулиганското насилство под контрола на политиката има долга традиција во Србија, уште од југословенските војни во деведесетите. Без разлика дали е во прашање палење на Бајраки џамијата во Белград (2010), амбасадата (2008) или војнички прецизно подготвените немири на Парадата на гордоста (2020) - тешко дека тепачките орди случајно тргнуваат во јуриш надвор од стадионите“, пишува франкфуртскиот весник.

Текстот завршува со дилемата каде ќе одведат протестите: „Дали во Србија ќе ја имаме првата европска Владата која ќе ја потресе корона-кризата? Се чини дека демонстрантите прерано да пејат песни за збогување од Вучиќ. Сепак, на сѐ поголемиот број новозаразени наесен би можел да им се придодаде и бран на откази“, пишива Франкфуртер Рундшау прашувајќи дали Србија ја чека и врела есен.