Во сабота нов обид на САД за враќање во вселената
28 мај 2020Во вселената нема облаци, но на патот до неа и тоа како. Лошото време го спречи лансирањето на ракетата Фалкон 9, на приватната компанија Спејсекс (SpaceX) на милијардерот Елон Маск, од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА на Флорида.
Стартот на ракетата беше откажам 16 минути пред планираното полетување. Капсулата „Драгон“ на ракетата Фалкон 9 требаше да полета кон Меѓународната вселенска станица во 16 часот и 33 минути по локаlно време (22.33 по средноевропско време) од истиот лансирачки подиум кој беше употребен за мисијата Аполо на Месечината пред половина век.
Боб Бенкен и Даг Харли требаше да бидат првите американски астронаути кои по речиси 9 години ќе полетаат од американско тло кон Меѓународната вселенска станица, во заеднички потфат на НАСА и на компанијата Спејсекс на Илон Маск, но лансирањето на ракетата денеска беше одложено поради лоши временски услови.
Повеќе:
-Лансирана најмоќната ракета во светот
-Вселенската армија нема да донесе спас
-САД ќе формираат свои вселенски сили
Бенкен и Харли пристигнаа до Флорида со електричен автомобил Тесла, а потоа беа сместени во „носот на ракетата“ Фалкон 9, која ја направи компанијата Спејсекс, а пренесуваа бројни американски и светски медиуми.
Да го следат овoj историски настан дојдоа и претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, како и потпретседателот Мајк Пенс со сопругата. Трамп претходно изрази надеж дека повторното испраќање на ракетата во Земјината орбита од американско тло ќе го подигне духот на нацијата по месеци борба против коронавирусот.
Шефот на НАСА беше оптимистичен додека стручњаците кои ги следеа временските услови дадоа 50 отсто шанси дека ракетата ќе може полета. За три дена сѐ ќе се повтори, на 30 мај во 15 часот и 22 минути по локално време. Тогаш постојат 60 насто шанси дека временските услови ќе бидат добри, но како и секогаш на Флорида на пролет се можни бури.
Ова е првпат со ракета и капсула, направени од приватни пари, да се испратат луѓе во вселената, а речиси една деценија откако тоа е направено од територијата на САД.
Единствена причина зошто НАСА се согласи да испрати астронаути во ракета финансирана од приватни пари е тоа што компанијата Спејсекс се покажа како исклучително сигурна, а и цената беше релативно ниска. За време на изминатите 10 години оваа компанија лансираше околу 100 ракети, од кои поголемиот дел безбедно се вратија на Земјата, со што стана доминантна во индустријата и е проценета дека има вредност од 40 милијарди долари.