„Спејс Екс“: Историска мисија со хепиенд
3 август 2020Американските астронаути Даг Харли и Боб Бенкен, кои летаа до Меѓународната вселенска станица во капсулата Драгон на Спејс Екс, слетаа во морето во близината на брегот на Флорида.
Харли и Бенкен на Земјата се спуштија во капсулата во која се оддвоија од Меѓународната вселенска станица, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.Ова прв американски лет со посада од домашно тло во последните 9 години.
Успешното слетување беше последниот клучен тест дали вселенското летало на милијардерот Илон Маск, основач на компанијата „Спејс Екс“, може да испраќа астронаути во орбитата и назад.
Американската вселенска агенција (НАСА) и нејзиниот комерцијален партнер „Спејс Екс“, одлучија капсулата да слета што подалеку од ураганот Исајас, кој се движи кон источниот брег на Флорида. Поради тоа за слетување беше избран Мексиканскиот залив, односно западниот брег на оваа сојузна држава.
Повеќе:
-„Спејс Икс“ ја враќа вселенската трка
-Спејсекс: Во сабота нов обид на САД за враќање во вселената
Последен пат на овој начин слета леталото Аполо, кое се спушти во Пацификот по средбата со Советскиот Сојуз во вселената пред 45 години.Астронаутите во вселенската станица пристигнаа кон крајот на мај. Нивното полетување во Фалкон 9 ракетата на компанијата „Спејс Екс“ означи почеток на нова ера на патување во вселената, пишува Си-Ен-Ен.
НАСА одлучи веќе да не поседува и управува со опрема за транспорт за посада во ниската орбита на Земјата, туку оваа услуга да ја купува од комерцијални партнери.
Калифорниската компанија „Спејс Екс“ е прва која пружа такви услуги, а поголемиот дел од нивната технологија, вклучувајќи ја и Факлон 9 ракетата, можно е да се користи повеќепати. Овој пристап значително ја намали цената на патување во вселената, вели Џим Брајденстин, претставник на НАСА.