1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Со државен удар против династијата Ким?

Џулијан Ријал
10 јуни 2017

Пуч во Пјонгјанг би било добредојдено решение за проблемот,кој за светот го претставува режимот во Северна Кореја,сметаат во САД.Ќе биде тешко да се убедат најблиските соработници на диктаторот да се завртат против него.

https://p.dw.com/p/2eRXS
Nordkorea Militärparade in Pjöngjang Kim Jong Un
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Maye-E

За навидум нерешливиот проблем со сѐ полошите односи меѓу Северна Кореја со меѓународната заедница, кои речиси секојдневно доживуваат нови искри поради постојаните ракетни тестови на Пјонгјанг, студијата на корпорацијата РАНД сега предлага радикално ново решение: поттикот, како што е имунитет од кривично гонење поради кршење на човековите права, би можел да се искористи да се охрабрат високите официјални лица од режимот да извршат државен удар против Ким Јонг Ун.

Во извештајот на овој тинк-тенк кој го финансира владата на САД се вели дека севернокорејската пропаганда ја индокринирала елитата на режимот така што таа верува оти обединување со Јужна Кореја за неа би значело катастрофа- губење на моќта, влијанието, богатството и престижот. Во екстремни случаи, колапс на режимот во Пјонгјанг би предизвикал и конфликти, што функционерите би можело да ги чини и живот.

Поради тоа, клучниот елемент на надворешна поддршка за бунтот против најновиот член на династијата Ким мора да биде ветување на пучистите дека ќе бидат заштитени, па дури и оти ќе имаат удел во раководството на новата Северна Кореја, пишуваат експертите од РАНД.

Тие наведуваат 5 услова кои треба да се исполнат за важните членови од сегашниот режим во Пјонгјанг да заклучат дека обединувањето на Корејскиот полуостров би било корисно за нив: основен услов е да се осигура нивната безбедност, а потоа и позиција, богатство, сигурност и привилегии за нивните семејства и шанса да направат „нешто важно за својата земја“.

За да се помогне оваа порака да се пренесе на потенцијалните пучисти, РАНД ја повикува Јужна Кореја да „воспостави пријателска политика на обединување“, како и да воспостави правна основа за проширување на амнестија за мнозинство од елитата во Северна Кореја по обединувањето, со ветување дека ќе останат на своите функции во новата влада во Пјонгјанг.

Сеприсутен надзор

Аналитичарите, меѓутоа, истакнуваат оти предходните обиди за државен удар не успеале и дека режимот ги држи под лупа лицата од кој било степен на моќ, што координацијата за каков било државен удар ја прави многу тежок потфат. Тие укажуваат на случајот на Јанг Сонг Тек, вујкото на Ким, кој во 2013 година е убиен по кратка постапка, покрај тоа што беше ментор на младиот диктатор.

„Нема сомнеж дека за соборување на династијата Ким преку создавање на пукнатини во нејзината елита е стратегија која се разгледуваше и чии исходи би биле популарни, но не можеме да го потцениме надзорот на режимот и репресиите кои им се случија на сите кои беа нелојални“, вели Даниел Пинкстон, професор за меѓународни односи на универзитетот Трој во Сеул.

Südkorea TV-Berichterstattung zu Raketentest in Nordkorea
Фотографија: Getty Images/C. Sung-Jun

„Дури и да постои некој во режимот кој би бил подготвен да го ризикува својот живот, сепак мораме да имаме на ум дека е загрозено и семејството на секој кој ќе го предаде режимот“, вели тој за ДВ. Освен тоа, династијата Ким со децении итро ги наградува оние кои се лојални, подарувајќи им подароци за кои обичните граѓани во Северна Кореја можат само да сонуваат, како што се нови лимузини и луксузни станови, додава Пинкстон. Тој смета дека дилемата на потенцијалните пучисти може да се реши ако им се посочат предностите за приклучување кон државниот удар со ветување дека подоцна ќе имаат повеќе моќ и богатство.

Исклучително тешка задача

Тошимицу Шигемура, професор на универзитетот Васеда во Токио и добар познавач на династијата Ким, нагласува оти покрај големата опасност за пучистите сепак имаше обиди за државен удар против семејството Ким, и тоа неодамна во 2013 година.

Според разузнавачки извори во Јужна Кореја, во март 2013 година личното обезбедување околу Ким е драматично засилено: оклопни возила се распоредени во близина на неговата резиденција во Пјонгјанг, имало вооружани војници со автоматски пушки на улиците, а сигналите на мобилните телефони биле блокирани за време на јавните настапи на севернокорејскиот лидер, наводно, поради страв од далечинско детонирање на бомба. Четири месеци порано, имаше извештаи за престрелки на улиците на Пјонгјанг меѓу фракциите во војската и зголеменото незадоволство во некои кругови поради начинот на кој Ким управува во земјата.

„Имаше најмалку три обида за државен удар од 1992 година и нови се секако можни ако чувството на недоверба кон Ким се порошири во војската“, вели Шигемура. „Но, стана потешко да се работи на државен удар бидејќи сите телефони на функционерите се прислушкуваат и нивното движење е под лупа. Организирање на државен удар кој може да го симне Ким од власт е исклучително тешка задача“, вели тој.