Во Северна Кореја снемува храна
16 јуни 2021Поради тајфун минатата година земјоделството продуцирало помалку житарки, изјави севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на почетокот на повеќедневното заседание на Централниот комитет на Работничката партија во Пјонгјанг. Ситуацијата со храната сега ќе биде „напрегната“, ги цитираат зборовите на Ким државните медиуми во Северна Кореја.
Повеќе: Кај Ким и натаму нема Ковид
Ким, кој е и партиски лидер, од членовите на Централниот комитет побарал преземање мерки за решавање на проблемот. Добра жетва е „милитантна задача, со највисок приоритет“ која „нашата партија и држава“ мора да ја исполни, рекол Ким, додавајќи дека само така може да им се обезбеди стабилен живот на луѓето и социјалистичка изградба на земјата.
По повеќе природни катастрофи и поради сопственото лошо стопанисување Северна Кореја е со години упатена на помош во хранаод странство. Според проценките на јужнокорејската влада, во соседната земја годинава недостигаат 1,2 до 1,3 милиони тони прехранбени намирници за населението да биде снабдено колку-толку со храна.
Повеќе: Северна Кореја продолжува со нуклеарната програма
Во 1990-тите од глад во изолираната Северна Кореја умреа стотици илјади луѓе.