1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСаудиска Арабија

Саудиска Арабија двојно го зголеми увозот на руска нафта

СН/агенции
15 јули 2022

Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, двојно го зголеми увозот на нафта од Русија, бидејќи Москва во моментов ја продава својата нафта со значителни попусти.

https://p.dw.com/p/4EAEp
Танкер со нафта во саудиското пристаниште Рас ал-Каир
Танкер со нафта во саудиското пристаниште Рас ал-КаирФотографија: Giuseppe Cacace/AFP/Getty Images

Според новинската агенција Ројтерс, која се повикува на податоците на Рефинитив, во вториот квартал од 2022 година, од април до јуни, во Кралството Саудиска Арабија преку руските и естонските пристаништа пристигнале 647.000 тони нафта. Тоа одговара на количество малку поголемо од 7.000 тони или 48.000 барели нафта дневно.

Во истиот период минатата година, вкупното количество увезена нафта од Русија било 320.000 тони.

Саудиска Арабија користи руска нафта за производство на електрична енергија, а потоа може да произведува и да извезува сопствена нафта. На Арапскиот полуостров особено големо количетсвото енергија е неопходно за ладење за време на жешките летни месеци - значи токму сега.

Снабдување со нафта и гас: Кои земји би можеле да ја заменат Русија?

Промена на пазарот

Поради санкциите, особено од ЕУ, Русија ја продава својата нафта на светскиот пазар со значителни попусти. Со оглед на руската војна против Украина, некои држави одбиваат да купат нафта од Русија.

Од друга страна, големите економии како Кина и Индија, како и бројни земји од Афрка и од Блискиот исток, го зголемија увозот на овој енергенс од Русија.

Извозот на нафта - тема и за време на посетата на Бајден на Саудиска Арабија

Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска ќе пристигне во Саудиска Арабија, последната станица од неговото патување на Блискиот исток.

Претседателот Бајден во Израел, прва станица од неговата актуелна блискоисточна турнеја
Претседателот Бајден во Израел, прва станица од неговата актуелна блискоисточна турнејаФотографија: MANDEL NGAN/AFP

Се очекува дека тој ќе се обиде да го убеди ова кралство да го зголеми извозот на нафта и со тоа да иницира пад на цените на светскиот пазар. Не само во ЕУ, туку и во САД, високите цени на горивото се во моментов голем проблем.

Бајден е под огромен притисок во САД поради налогот за растот на цената на горивата - и тоа само 4 месеци пред важните избори за Конгресот.

Бајден ги отфрла обвинувањата дека со своето патување во Саудиска Арабија ја става ефтината нафта пред човековите права.