1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД препорачаа да не се патува во 130 држави во светот

БГ /РТР
21 април 2021

Американскиот Стејт Департмент додаде уште околу 100 држави на листата со која им препорачува на своите граѓани да не патуваат на тие дестинации. Меѓу нив се и повеќето европски држави.

https://p.dw.com/p/3sLL3
USA Los Angeles Thanksgiving Heimreise
Фотографија: Lucy Nicholson/REUTERS

САД им препорачуваат на своите државјани да не патуваат во Северна Македонија поради големата опасност од Ковид-19. Стејт Департментот во понеделникот започна да ја актуелизира листата на земји во кои постои активна закана од коронавирусот и заклучно со денеска на неа се додадени уште 100 држави. Во највисокото, четврто ниво на опасност, освен Северна Македонија се уште и Германија, Обединетото Кралство, Канада, Франција, Мексико, Италија, Шпанија и други. Со тоа, на листата на која не се препорачува патување се опфатени околу 80% од светските држави, или вкупно 131 земја. Досега, САД не препорачуваа патување во само 34 држави во светот.

Од Стејт Департментот за агенцијата Ројтерс објаснуваат дека препораката не се должи на преиспитување на здравствената ситуација во странските држави, туку се работи за промена во системот за препораки кој сега повеќе ќе се потпира врз епидемиолошките проценки на Центарот за контрола и превенција на болести. 
САД притоа имаат строга забрана и за влез во земјата на странски државјани кои доаѓаат од ризични подрачја. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи