1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Речиси 1.000 жртви од Ковид-19 во Италија во еден ден

БГ /АФП
27 март 2020

Италија стана втората држава по САД која ја надмина Кина според бројот на заразени од коронавирусот. Денеска бројот на заразени порасна на 86,498; а бројот на жртви во последните 24 часа е 969.

https://p.dw.com/p/3a992
Italien Coronavirus Ponte San Pietro, Bergamo
Фотографија: picture-alliance/Photoshot

И покрај ужасните рекорди кои денеска беа забележани во Италија, тамошните здравствени власти велат дека забележале намалување на бројките на нови позитивни случаи, две недели по почетокот на карантинот во целата земја.
Вкупниот број на жртви од коронавирус во земјата е блиску до 9.200 луѓе, а 3.700 во моментов се на интензивна нега. 

- Солидарност во Италија во време на коронавирус

Во Шпанија бројот на жртви и натаму бележи голем раст. Во изминатите 24 часа во земјата биле регистрирани 7,800 новозаразени, со што вкупниот број достигна 64 илјади. Во изминатото деноноќие починале 769 луѓе со што вкупниот број достигна 4,858- втор најголем број на жртви по Италија во светот. Над 9,400 медицински лица во Шпанија се заболени од коронавирусот, што е речиси 15% од вкупниот број.

Кубанските „војници во бели мантили“ против коронавирусот

„Точно е дека денеска имаме повеќе смртни случаи од вчера, но исто така е точно дека процентуалното зголемување денеска е слично на она од претходните три дена и се чини дека има стабилизација“, изјави првиот човек на шпанскиот здравствен координативен центар Фернандо Симон. 

- Пропагандна војна меѓу Кина и САД: Чиј е коронавирусот? 

САД сега имаат 85,996 случаи, и заедно со Кина и Италија, во трите земји се евидентирани речиси половината од сите заразени во светот, и повеќе од половината од сите жртви.
Аналитичарите предупредуваат дека бројките можеби се неточни од различни причини.
„На бројките од Кина не може да им се верува затоа што владата лаже“, вели американскиот политички научник Јан Бремер. „На бројките од САД не може да им се верува затоа што владата нема доволно тестови“. Италијанските епидемиолози предупредуваат дека бројките кај нив веројатно се далеку повисоки од пријавените- најмалку пет пати.