Одблокиран важниот мост меѓу Канада и САД
14 февруари 2022Мостот Амбасадор, клучната гранична точка меѓу Канада и САД, кој демонстрантите го блокираа со денови поради мерките воведени против коронавирусот, повторно е отворен за сообраќај, соопштија канадските власти во неделата вечер по локално време.
„Мостот Амбасадор целосно е отворен и повторно е овозможен слободен тек на трговијата меѓу канадската и американската економија“, стои во соопштението.
Канадската гранична служба, исто така, наведе дека на мостот сега се одвиваат „нормални гранични операции“ и додаде оти не се препорачуваат патувања кои не се потребни. На канадската полиција ѝ беа потребни два дена да го евакуора мостот кој беше блокиран од страна на камионџиите од минатиот понеделник.
Во саботата од мостот беа тргнати поголем дел од камионите, но неколку стотици демонстранти одбија да го напуштат мостот. Полицијата соопшти дека се уапсени меѓу 25 и 30 демонстранти.
Вашингтон вршеше притисок врз канадските власти барајќи да употребат „сојузни овластувања“ за да ѝ стават крај на блокадата која предизвика сериозни последици за американската економија.
Во Канада веќе две недели има протести против епидемиолошките мерки. Демонстрантите од 29 јануари ги блокираат улиците во Отаваи неколку гранични точки.