1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Пулицеровите награди во знакот на Ковид-19 и на Џорџ Флојд

СН/агенции
12 јуни 2021

Најпрестижните новинарски награди во САД годинава пред сѐ им оддаваат признание на покривањето на пандемијата на коронавирусот и на полициското насилство во САД. Една тинејџерка доби специјална награда.

https://p.dw.com/p/3unTL
USA Pulitzer Preis Medaille
Фотографија: picture-alliance/dpa/Pulitzer Board

Годинешната Пулицерова награда во најпрестижната категорија „Во служба на јавноста“ ја доби весникот „Њујорк Тајмс“ за неговото „храбро и сеопфатно“ известување за пандемијата на коронавирусот, соопштија организаторите во Њујорк.

Новинарот Ед Јонг од списанието „Атлантик“ и фотографот Емилио Моренати од новинската агенција Асошиејтед Прес (АП) исто така беа наградени за известувањето за пандемијата.

Покрај наградите за следење на пандемијата на коронавирусот, значаен дел од признанијата беа доделени и за известувањето за протестите по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кои прераснаа во движењето „Црните животи се важни.

Специјална награда за 18-годишна тинејџерка

Американскиот весник „Минеаполис стар трибјун“, пак, е добитник на годинешната Пулицерова награда во категоријата ударни вести за известувањето за смртта на Џорџ Флојд за време на полициското приведување, додека новинската агенција Ројтерс и часописот „Атлантик“ ја поделија наградата за „објаснувачко новинарство“.

Повеќе:

-Пулицерови награди за истражувањата за Трамп

-Пулицер за „Вашингтон Пост“ и „Њујорк Тајмс“

-Пулицерова награда за роман за Северна Кореја

Комитетот за доделувањето на Пулицеровата награда на церемонијата, која беше пренесувана онлајн, соопшти дека доделил и награда за „посебно достигнување“ на Дарнел Фрејзер, тинејџерката која се најде на местото на убиството на Флојд и го сними со својот мобилен телефон.

Врачувањето на наградите наесен

14 од 21 категорија од Пулицеровите награди се резервирани за новинарска работа- од истражувачки стории до фотографии и карикатури. Но, се доделуваат и награди за литература, како и за музика и театар.

Објавувувањето на добитникот на Пулицеровата награда требаше да биде одржано во април, но беше одложено поради пандемијата со коронавирусот. Доделувањето на наградите, кое обично се одржува по објавувањето, е одложено за наесен. Пулицеровата награда е најпрестижна награда во американското новинарство, а се доделува од 1917 година, кога новинскиот издавач Џозеф Пулицер ја востановил во својот тестамент.