Принцот Чарлс ќе ја придружува Меган до олтарот
18 мај 2018Реклама
Одлуката е соопштена откако таткото на Меган се разболе на само неколку дена пред свадбата. Кралската палата соопшти дека ѝ е „драго што може да ѝ посака добредојде во кралското семејство на г-ца Маркл на овој начин“.
Фановите на кралското семејство реагираат позитивно.
Алисон Хамилтон од Англси е сигурна:
„Дали ќе биде мајка ѝ или принцот Чарлс, мислам дека денот секако ќе биде добар.“
Розелин Морис, од Басилдон, пак, вели:
„Чарлс нема ќерка, па не би имал инаку шанса да чекори со ќерка до олтарот, така што ова е убаво и за него. Мислам дека ќе се чувствува многу горд.“