Од „парти-принц“ до носител на симпатии
Принцот Хари ќе се ожени за актерката Меган Маркл. Поглед наназад, кон „лудите“ години на Хари, поранешните девојки и скандалите на принцот, кој е на шестото место на наследници на тронот.
На 19 мај ќе се огласат свадбените ѕвона
Принцот Хенри Чарлс Алберт Дејвид од Велс, како што гласи полното име со сета негова убавина, ќе се ожени за американската актерка Меган Маркл. Свадбата ќе се одржи во дворецот Виндзор, а двојката нема веднаш да замине на меден месец, поради обврски. Двајцата се многу социјално ангажирани.
Тоа е патот до свадбата
Принцот Хари и Меган Маркл првпат се сретнаа во Лондон, во јули 2016 година - долго пред медиумите да дознаат за нивната врска. Принцот, кој е на шестото место на британските престолонаследници, ќе се венча за својата избраничка во присуство на околу 600 гости.
Патот беше долг
Принцот Хари не брзаше со одлуката за женидба. Долги години тој беше „парти-лав“, ориентиран кон забави. Жолтиот печат имаше постојано приказни „на тацна“ - сигурно не на радост на неговите кралски роднини.
„Наци-скандалот“ во 2005
Една од најпикантните беше веројатно приказната околу нацистичкиот костим на Хари (фото: насловната страница на „Сан“, 13.01.2005). Алкохол и цигара во рацете - тоа некако и може да се преџвака, но лентата со кукаст крст на раката, кој Хари се одлучи да го стави на својот костим, предизвика бура од незадоволство. Принцот се извини за лошиот аутфит и рече дека не сакал никого да навреди.
Хари, војникот
Ноември 2005: принцот Хари на војничка обука во Англија. Тоа му помага да ја разбистри главата. На почетокот на 2008 година британското Министерство за одбрана потврди дека принцот ќе се бори против талибанците во Авганистан.
Ангажманот во Авганистан
Принцот Хари во септември 2012 година добива објаснувања за својот воен хеликоптер во „Камп Бастион“, во авганистанската провинција Хелманд. Со Апачи-хеликоптерот тој во јануари 2013 година убива и талибанци.
Кога ќе пораснам...
Скок наназад: во август 1985 година, во рацете на својата мајка Дајана, принцезата од Велс, малиот Хари сигурно нема поим за кого ќе се ожени. Претходно, помладиот син на Дајана и принцот Чарлс имаше повеќе (официјални) девојки...
Долгогодишна врска со Челзи Дејви
Од 2004 до 2011 година Хари беше заедно со Челзи Дејви, која потекнува од Зимбабве. Се запознаа за време на нејзината посета на еден интернат во Англија. Според медиумите, на почетокот на 2009 година Дејви ја прекинува врската. По уште неколку обиди за повторен почеток и неуспеси, врската е прекината во 2011 година.
Врската со Кресида Бонас
Со британскиот модел Кресида Бонас принцот беше заедно од 2012 година. На фотографијата: Хари и Бонас, која работи и како актерка и танчерка, во март 2014 година во Лондон гледаат рагби-натпревар меѓу Англија и Велс. Врската беше прекината пролетта 2014 година.
Хариевата „Number 1“
Сега принцот ја пронајде својата „Number 1“. Врската меѓу нив беше официјално потврдена пред околу година и половина, а во септември 2017. двајцата, држејќи се за раце, првпат ѝ се прикажаа на јавноста заедно на „Инвиктус Гејмс“, во Торонто. Времињата на „парти-принцот“ се чини се дефинитивно завршени.