Претседателот на Бајерн Минхен на суд
4 ноември 2013Претседателот на фудбалскиот клуб Бајерн Минхен Ули Хенес мора да одговара пред суд во март 2014 година поради обвинувањата за затајување на данок. Покраинскиот суд во Минхен допушти тужбата од државното обвинителство непроменета да биде разгледувана во главен претрес. Процесот треба да почне на 10. март. Предвидени се четири денови за процесот.
Нецелосни податоци
Хенес се обвинува дека преку банкарска сметка во Швајцарија затаил 3,2 милиони евра данок. 61 годишниот Хенес самиот се пријви кај надлежните власти. Државното обвинителство меѓутоа и покрај тоа подигна тужба со образложение дека самопријавувањето не било целосно. Овој случај отвори широка јавна дискусија во Германија. Фудбалскиот клуб Бајерн и неговите спонзори „Адидас“, „Фолксваген“ и „Дојче телеком“ одлучно застанаа зад Хенес. Тој ги задржи своите функции - претседател на клубот и шеф на надзорниот одбор.
Поддршка за Хенес
Поддршката од надзорниот одор Хенес сѐ уште ја ужива. „Заедничко е мислењето дека Ули Хенес и натаму треба да ја извршува функцијата претседател на надзорниот одбор на фудбалскиот клуб Бајерн Минхен и покрај отворање на процесот“, соопшти ова тело.
Хенес стекнал изворедни заслуги за клубот и бил една од водечките личности. Тој имал голема поддршка од мнозинството од члeновите на клубот, уверуваат од надзорниот одбор на Бајерн Минхен.