1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Преку 100 загинати во досегашните протести во Венецуела

СН/ агенции
27 јули 2017

Во Венецуела во тек е дводневен генерален штрајк на опозицијата. Првиот ден од новиот протест против претседателот Николас Мадуро беше засенет од смртоносно насилство.

https://p.dw.com/p/2hDzt
Venezuela - Krise - Proteste
Фотографија: picture-alliance/AP/A. Cuillos

Еден 16-годишник загина за време на демонстрациите во Каракас кои ги организираше опозицијата против претседателот Николас Мадуро и неговите планови за одржување на избори за Уставотворното собрание, соопшти синоќа обвинителството.

Тинејџерот, чие име не е наведено, е втора жртва за време на вчерашниот- прв ден од 48 часовниот штрајк со кој опозицијата се обидува да ги блокира изборите за Уставотворното собрание закажани за во недела. Со неговата смрт бројот на настрадани од април, кога почнаа демонстрациите против Мадуро, се искачи на 102. Обвинителството наведе оти тинејџерот, изгледа, е повреден за време на демонстрациите во Пентар, популарна населба на истокот на Каракас.

Venezuela - Krise
Фотографија: Reuters/U. Marcelino

Обвинителството потврди дека вчера починал и 30-годишниот Рафаел Вергара, кој бил ранет, како што е наведено, во „нерегуларна ситуација“  меѓу демонстрантите и војниците во државата Мерида.

Генералнот штрајк треба да продолжи денеска цел ден пред големите демонстрации закажани за во петок. Голем број улици се блокирани, посебно на југоистокот и истокот на главниот град на Венецуела, кој што е традиционално упориште на опозицијата.

Подигнатите барикади блокираа повеќе патишта и пристап до Каракас каде судирите меѓу демонстрантите и полицијата продолжија и во текот на ноќта.Судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили имаше и во другите делови на земјата.

Venezuela - Krise - Präsident Maduro
Николас МадуроФотографија: Reuters

Тркалезната маса на демократско единство (МУД), опозициската коалиција која веќе организираше 24 часовен генерален штрајк во минатата недела, веќе речиси 4 месеци организира речиси секојдневни демонстрации против Мадуро и бара негово заминување.

Опозицијата смета оти социјалистичкиот претседател Мадуро со плановите да го промени Уставот има намера да ја зацврсти власта и да го заобиколи избраниот парламент каде опозицијата е во мнозинство, и да избегне претседателски избори на крајот на 2018 година. Тие, исто така, ги оспоруваат условите за изборите во недела.

Venezuela - Krise
Фотографија: Reuters/A. Martinez Casares

Мадуро ѝ образложи на нацијата дека планираната измена на Уставот би ја решила венецуелската политичка блокада и економската криза, но опозицијата има намера да ги бојкотира изборите за Уставотворното собрание.

Припадниците на опозицијата уште се нарекуваат и античависти, по името на Хуго Чавез, претседателот на Венецуела од 1999 до неговата смрт во 2013 година, чиј наследник е актуелниот шеф на државата Николас Мадуро.