1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политичкиот заплет во Софија ги замрси плановите на Скопје

ДТЗ
11 август 2021

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека не се охрабрувачки вестите коишто доаѓаат од Бугарија, но комуникацијата за надминување на спорот продолжува.

https://p.dw.com/p/3yqsF
Bujar Osmani
Фотографија: Anila Shuka/DW

Политичкиот заплет на состојбата во соседна Бугарија, не ветува брзо разрешување на спорот со Северна Македонија околу ветото за интеграцијата во ЕУ. „Вестите од Бугарија не се охрабрувачки“, потврди денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Министерствата за надворешни работи на двете земји продолжуваат со комуникацијата, но потребно е формирање на политичка влада за надминување на разликите и деблокада на евроитеграциите.

-повеќе на темата: Ќе донесат ли изборите во Бугарија решение за ветото на Софија?

„За жал не се охрабрувачки вестите коишто доаѓаат од Бугарија во делот на формирање на институциите, бидејќи како што често нагласувам, очигледно тоа се покажа како важен фактор во изнаоѓање на решение за надминување на разликите, коишто се причина за оваа непринципиелна блокада на нашата европска перспектива“, вели Османи. Сите надежи биле насочени кон вториот обид на Бугарија да формира стабилна влада и да има инститиции со кои ќе може во политичкиот дел да се комуницира и да се изнајде решение. 

„Цело време бев на ставот дека политичка влада не е неопходна, бидејќи политичката одлука беше донесена лани во март и првата одлука во март веќе е донесена и првата меѓувладина конференција требаше да биде само техничко исполнување. Но, тоа очигледно се покажа како неможно. Ситуацијата во Бугарија е таква да одлуката не може да се донесе без политички институции“, вели Османи. 

-повеќе на темата: ИТН и БСП ги потврдиле бугарските позиции кон Скопје

Иако вестите не се охрабрувачки, обидите за изнаоѓање решение продолжуваат.„Регионот не смее да биде заложник на внатерешн-политичките околности во која било земја членка“, дециден е Османи.  

Двата парламентарни изборни циклуси во Бугарија не донесоа можност за брзо формирање влада во Софија. Поради можноста да се одржат нови избори, се понеизвесно е изнаоѓањето на прифатливо решение и одблокирање на македонските евроинтеграции за време на словенечкото претседателство со Унијата.