Вклучен „жешкиот телефон“ меѓу Северна и Јужна Кореја
4 октомври 2021Северна и Јужна Кореја повторно комуницираат меѓу себе: службеници од двете земји го извршија првиот телефонски разговор по околу два месеци, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување. „Со повторното воспоставување на комуникациските канали меѓу Јужна и Северна Кореја, според проценките на владата, е создадена основа за воспоставување на меѓусебни односи“, соопшти Министерството во Сеул. Двете земји немаат свои дипломатски претставништва кај соседот.
Севернокорејската новинска агенција КЦНА објави дека чекорот направен по налог на властродржецот Ким Јонг Ун е обид за создавање траен мир на Корејскиот Полуостров.
По Корејската војна од 1950. до 1953. година, меѓу двете земји е договорено само примирје, официјално тие уште се наоѓаат во војна.
Само пред неколку дена раководството во Пјонгјанг со серија ракетни тестовипредизвика загриженост во меѓународната заедница, по тој повод итна вонредна седница одржа и Советот за безбедност на ОН.
На крајот на јули, двете корејски држави со најавата за прекугранична комуникација сигнализираа некој вид приближување, по тогашната едногодишна пауза. Но, олабавувањето на тензиите траеше само кратко – по само две недели Северна Кореја престана да одговара на повиците од Сеул, во знак на протест поради заедничките воени маневри на Јужна Кореја и САД.