Пет години затвор за нападот врз американскиот Капитол
18 декември 2021Сојузниот суд на САД го осуди демонстрантот Роберт Палмер, кој учествуваше во нападот врз американскиот Капитол на 6-ти јануари, на повеќе од пет години затвор.
Тоа е досега највисоката изречена казна за учество во нападот врз зградата на Конгресот на САД.
Во обвинувањето се наведува оти Палмер на полицијата фрлил дрвена даска и средство за гасење пожар, како и дека, потоа ги нападнал полициските службеници со шипка.
Повеќе: Отворен патот за кривичен прогон на Стив Бенон
Палмер се изјасни дека е виновен за напад на полицајците.
Тој во писмото до судијата, наведе дека го издале поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите сојузници, кои изнесувале теории на зговор.
„Симпатизерите на Трамп постојано изнесуваа лажни тврдења за лажирање на изборите и порачуваа оти е наша должност да се спротиставиме на тиранијата“, рече Палмер.
Тој е првиот меѓу учесниците во немирите на 6 јануари кој осуден за напад, пружање отпор или попречување службено лице за употреба на оружје.
Пред пресудата, најдолга затворска казна им беше изречена на Џејкоб Ченсили, познат како „Кјуанон шаман“, и на Скот Флемб.