1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палестинците не сакаат да разговараат со Американците

ЕМФ /агенции
31 јануари 2018

Шефот на преговарачкиот тим на Палестинците, Саеб Ерекат, исклучува какви било разговори со американската влада сѐ додека претседателот Трамп не го повлече признавањето на Ерусалим за главен град на Израел.

https://p.dw.com/p/2rnyA
Jerusalem Proteste gegen die Verlegung der US Botschaft nach Jerusalem
Протести во Ерусалим против одлуката на Трамп (8.12.2017)Фотографија: Getty Images/AFP/A. Gharabli

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп околу Ерусалим е дел од процес кој оди од „преговори кон диктат“, уверен е шефот на преговарачкиот тим на Палестинците, Саеб Ерекат. Тој во интервју за агенцијата АФП исклучува какви било разговори со САД сѐ додека Трамп не ја повлече својата одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Доколку кој и да е Палестинец оствари средба со претставници на САД, тоа ќе испрати сигнал како да има согласност со одлуката на Трамп, потенцира генералниот секретар на ПЛО, Ерекат.

Russland Saeb Erekat palästinensischer Unterhändler
Саеб ЕрекатФотографија: picture alliance/dpa/TASS/A. Shcherbak

Тој ги обвинува САД за недоволен респект. „Сега ни се закануваат со финансиската помош“, се жали Ерекат. Американската влада неодамна ја замрзна финансиската помош од 65 милиони долари за Организацијата на ОН за палестински бегалци УНРВА. Палестинците можат да сметаат на парите само ако повторно продолжат со мировните преговори со Израел, изјави американскиот претседател Трамп на Светскиот економски форум во Давос минатата недела.

Во меѓувреме, високи претставници на ОН предупредуваат од опасноста од растечка нестабилност во регионот. Шефот на УНРВА, Пјер Креенбил ги критикува САД дека кратењето на помошта има „политичка димензија“. „Јасно е дека одлуката на САД нема врска со нашата работа“, изјави тој. Таа е повеќе одговор на одбивањето на Палестинците да разговараат. Меѓутоа, кога се работи за хуманитарна помош, таа треба да биде независна од политичките ставови, вели ОН-дипломатот. УНРВА се грижи за основно снабдување на околу 5,3 милиони палестински бегалци во Јордан, Либан, Западниот брег и Појасот Газа. Дел од тоа се 700 училишта и 140 клиники.

Абас: „Му велиме 'Не' на Трамп“

САД: Целисходно кратење на придонесите за ОН?

Што всушност сакаше Трамп со Ерусалим?

Палестинците се бесни поради одлуката за Ерусалим, затоа што за нив главен град е Источен Ерусалим. Претседателот на Палестинците Махмуд Абас смета дека САД се дисквалификувани како посредник во блискоисточниот конфликт.