Отворен патот за продолжување на вонредната состојба
29 септември 2016По седницата во Анката, Националниот совет за безбедност со кој претседава шефот на државата Реџеп Таип Ердоган, предложи продолжување на вонредната состојба во земјата. „Тоа треба да се направи со цел заштита на нашата демократија, правната држава и правата и слободите на нашите граѓани“, соопшти Советот.
Денот на пучот - државен празник
Според турскиот Устав, Националниот совет за безбедност треба најнапред да се изјасни пред владиниот кабинет официјално да одлучи за продолжувањето на вонредната состојба. Со одлуката на Советот сега тоа е само формалност. За должината на продолжувањето на вонредната состојба не беа дадени информации. националниот совет за безбедност покрај тоа препорача, 15 јули, денот на обидот за преврат, во иднина секоја година да се слави како „Ден на демократијата и слободата“.
На 20. јули Едоган побара прогласување на вонредна состојба најнапред во времетраење од три месеци. Во овој период тој како претседател на државатa може да управува со итни декрети. Со тоа тој си создаде предуслови за масовни апсења. Бројни опозиционери ги критикуваа ваквите мерки. Турскиот парламент за времетраењето на вонредната состојба нема преголеми права на одлучување.
Сеопфатни чистки во државниот апарат
Дваипол месеца по неуспехот на пучот во турските истражни затвори седат околу 32 илјади осомничени лица. Десетици илјади вработени во безбедносните служби, правосудството и образованието беа отстранети од работното место. Правни постапки беа започнати против 70 илјади осомничени, изјави министерот за правда на Турција Бекир Боздаг во интервју за една турска телевизија. На сите ним им се префрла поврзаност со движењето на исламскиот свештеник Фетула Ѓулен. Претседателот Ердоган го обвинува Ѓулен кој живее во самонаметнат егзил во САД, дека бил човекот кој ги влечел конците на обидот за воен удар во земјата. Тој говореше и за „терористичка мрежа“ на Ѓулен.