Омикрон дошол во Европа порано отколку што се мислеше
30 ноември 2021Холандскиот здравствен институт РИВМ денеска соопшти дека присуство на Омикрон е утврдено во две тест-проби кои датираат од 19 и 23 ноември. Јужноафриканската Република го објави постоењето на новата варијанта на коронавирусот на 24 ноември.
Холандските власти досега сметаа дека 14 патници од Јужноафриканската Република, кои на 26 ноември слетаа на аеродромот во Амстердам, се првите лица заразени со сојот Омикрон. Сѐ уште не е јасно дали инфицираните лица тестирани на 19 и 23 ноември престојувале во Јужноафриканската Република или не, соопшто РИВМ. Тие се информирани за наодот од нивните тестови и властите ги следат нивните контакти.
Повеќе:
Што знаеме за Омикрон, новиот корона-сој од Африка
Омикрон со „голема веројатност“ пристигна и во Германија
РИВМ најави и истражување на распространетоста на Омикрон во Холандија. За таа цел ќе бидат испитувани и други проби од периодот пред 24 ноември.
Светската здравствена организација го категоризираше Омикрон како „загрижувачки“ и предупредува од „многу висок ризик“ во светот.