Повторно американските воени маневри пред Северна Кореја?
29 август 2018Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис (насловна фотографија) најави укинување на суспензијата на воените вежби на Корејскиот полуостров, донесена како „гест на добра волја“ по средбата на претседателот на САД, Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во јуни.
„Како што знаете, донесовме одлука за суспензија на најважните воени вежби како гест на добра волја по самитот во Сингапур. Немаме планови за суспензија на други маневри“, им рече Матис на новинарите.
Преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја не даваат многу резултати, поради што Трамп ја откажа планираната посета на државниот секретар Мајк Помпео на Пјонгјанг.
Повеќе на темата:
-Северна Кореја не ја запрела нуклеарната програма
-Северна Кореја демонтира постројка за ракетни тестови
-По самитот на Трамп и Ким: За доверба е потребно време
Шефот на Пентагон не наведе кога ќе бидат продолжени вежбите, но рече дека војската ќе се консултира со американските дипломати задолжени за преговорите со Пјонгјанг пред донесување на одлуката.
„Нема да продолжиме со маневри. Ќе видиме како ќе напредуваат преговорите“, изјави Матис.
Пентагон во јуни објави дека главните воени вежби со Јужна Кореја „се суспендирани на неодредено време“. Во Јужна Кореја се стационирани околу 28.500 американски војници.