1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милијарди германски марки уште се скриени по подруми

ЖА / агенции
16 декември 2020

Има луѓе кои едноставно не сакаат да одат со времето, други пак можеби се заборавни, но факт е дека не сите сфатија дека сега се плаќа со евра, кај граѓаните уште има големи суми марки.

https://p.dw.com/p/3mnkm
Aufgehaeufte 1 DM-Muenzen
Фотографија: picture-alliance/U. Baumgarten

Во Германија се кријат вистински ризници од германски марки под перниците и во фиоките, во подрумите и на таваните. Речиси 19 години од воведувањето на еврото, уште има многумина кои не се простиле одстарата валута. Според наводите на германската Бундес банка, на крајот на ноември останале неразменети банкноти и монети во вкупна вредност од 12,4 милијарди марки (6,34 милијарди евра). Оваа година во филијалите на банката влегле германски марки во вредност од околу 53,4 милиони марки, значително помалку отколку претходната година.

„Надпропорционалната ниска размена на германски марки можеби се должи на ограничувањата воведени поради пандемијата на коронавирус", изјави членот на управата на Бундес банката, Јоханес Берман за новинската агенција ДПА.

Азна во градините

Остануваат неразменети банкнотиво вредност од 5,79 милијарди марки и монети во висина од 6,61 милијарда марки. Најголем дел од сумата на сѐуште непредадени пари, како што информира Бундесбанката, се состои од банкноти од 100 и од 1000 марки.

#DE_facto: Добрата стара германска марка

Бундесбанката очекува дека дел од старите германски марки никогаш нема да бидат предадени, меѓу другото и поради тоа што тие се кај различни збирки на нумизматичари.

Најголем дел од марките се разменети непосредно по воведувањето во оптек на новата валута – еврото, на почетокот на 2002 година. Постојано се случува „ризници" од марки да се откријат сосема случајно, скриени во фиоки, книги, во подруми или во градини.

Старите банкноти и монети, за разлика од многу други евро-земји, кај Бундесбанката можат да бидат разменети без постоење краен рок. Курсот на размената е непроменет: едно евро се добива за 1,95583 марки. По денешното воведување на нов строг карантин, размената на марки за евра не е можна во филијалите, туку треба да се врши по пошта.