1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се’ уште се плаќа со германски марки

Хајнер Кисел / Александар Методијев15 април 2012

Во Германија под душеците се’ уште се наоѓаат 13 милијарди германски марки, кои не се заменети со евра. Оној кој се’ уште има марки, може да ги потроши во еден австриски хотел.

https://p.dw.com/p/14c8I
Фотографија: Reuters

Со оглед на кризата во која се наоѓа заедничката европска валута, менаџментот на еден хотел на Грундлзее, езеро во австриската покраина Штаерска, се одлучи да покрене акција во која гостите, пред се’ од Германија, можат да плаќаат со старата добра германска марка.

Според проценките на Германската сојузна банка, на крајот од декември минатата година во оптек се’ уште се наоѓаа 13,29 милијарди германски марки, чија вредност е 6,5 милијарди евра. Рајнер Огриниг, директорот на австрискиот хотел во кој се’ уште може да се плаќа со германски марки, вели дека е изненадувачки тоа што, толку години по воведувањето на еврото, во оптек се’ уште се наоѓа толкава сума на германски марки.

„Многу луѓе воопшто не размислуваат за тоа дека германската марка веќе не е платежно средство“, вели Огриниг.

Das Weiterleben der D-Mark
На многу места се’ уште може да се плаќа и со моноети и со банкноти од германската маркаФотографија: DW

Потенцијалот за трговија со германската марка не треба да се потцени. Ланецот на трговски куќи C&A месечно прима до 15.000 германски марки. Во 48.000 јавни говорници на германскиот Телеком исто така може да се плаќа со банкноти од германската марка.

Заборавено богатство

Во еврозоната не се наоѓа толку често на однос полн со почитување кон старата државна валута како што тоа е случај во Германија. Во само пет земји се примаат кованици, додека банкнотите се примаат во девет земји. Во некои земји рокот за замена на банкнотите од старата валута истекува оваа година.

За потрошувачите плаќањето со германска марка е како дополнителен попуст, бидејќи тие пари одамна биле отпишани.

„Убаво чувство. Марките за мене имаа поголема вредност. Еврото можеби ќе ни зададе уште повеќе главоболки“, велат некои од потрошувачите. Се проценува дека големо количество германски марки се наоѓа во странство.