1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел остро го критикува Трамп

ЕМФ / дв
11 јуни 2018

„Депримирачки“ и „отрезнувачки“: германската канцеларка остро го критикуваше американскиот претседател за повлекувањето на поддршката за завршната декларација на самитот на Г7.

https://p.dw.com/p/2zFo5
Deutschland Bundeskanzlerin Angela Merkel zu Gast bei Anne Will
Фотографија: picture-alliance/dpa/NDR/W. Borrs

Германската канцеларка Ангела Меркел веќе беше во авионот на пат за Берлин кога американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер ја откажа поддршката за, со мака договорената, завршна декларацијана самитот на Г7 во Канада. Ваквото повлекување на поддршката преку твит за Меркел е „отрезнувачко и малку депримирачко“.

Во емисијата на Ане Вил на првиот канал на германската телевизија АРД, канцеларката вчеравечер рече дека таа и натаму смета оти американскиот претседател „за многу прашања“ ги дели принципите и вредностите на државите на Г7. Оттука, Меркел не смета дека Г7 е на својот крај, „но откажувањето на коминикето,се разбира, е одлучувачки чекор“. Канцеларката рече дека одлуката на Трамп, според нејзино мислење, не значи и крај на трансатлантското партнерство, „но не можеме едноставно да се потпреме на тоа“.

На забелешката на новинарката дека на Трамп повторно му успеало да ја прикаже беспомошноста на другите, канцеларката одговори: „Тоа не е така.“ На казнените царини за увоз на челик и алуминиум, воведени од страна на Трамп, подготвени се контрамерки, кои на 1 јули ќе бидат пријавени кај Светската трговска организација. Доколку американскиот претседател, како што е планирано, воведе и казнени царини за германските автомобили, Меркел се надева на повторно заедничко дејствување од страна на ЕУ. „Нема да дозволиме повторно да бидеме насамарени“, рече канцеларката.

G7 Gipfel Kanada Merkel vs Trump
Кога сите мислеа дека работата е завршена...Фотографија: Reuters/Bundesregierung/J. Denzel

„Вин-вин“ наместо „Америка на прво место“

Меркел беше воздржана околу предлогот на американскиот претседател за укинување на сите царини и трговски ограничувања во рамките на Г7. „Тоа, во идеален случај би било се разбира одлично“, рече таа, но тоа не е и брзо решение за актуелниот конфликт. За такво нешто се неопходни „обемни преговори“.

Меркел јасно се дистанцираше од Трамповиот политички стил „Америка на прво место“, без обѕири кон меѓународните сојузи и договори. Таа верува во „вин-вин-ситуации“ преку соработка, нагласи канцеларката. „Понекогаш имам впечаток дека американскиот претседател верува дека секогаш победува само еден, а другиот е губитник.“