Марш во Битола: илјадници порачаа „Да не се повтори!“
12 март 2018Реклама
Илјадници луѓе во неделата маршираа по патеката низ која пред 75 години биле спроведени 793 еврејски семејства кон возовите со кои биле депортирани кон логорот Треблинка во Полска. Во Битола дојдоа роднини на убиените и преживеани од Израел, Латинска Америка, САД и Европа, како и бројни претставници на граѓански организации.
Над 7.100 македонски Евреи беа депортирани и убиени во нацистичките логори на смртта.